Вицепремиерот Фетаи во официјална посета на САД

t

Заменик-претседателот на Владата задолжен за политики на добро владеење, г. Арбен Фетаи, започна повеќедневна официјална посета на Њујорк и Вашингтон, Соединетите Американски Држави.

За време на престојот, г. Фетаи ќе оствари средби на високо ниво со претставници на американските институции, со претставници од системот на Обединетите Нации, како и со истакнати претставници на албанската заедница од Северна Македонија кои живеат и придонесуваат во САД.

Централен дел од посетата е учеството на Втората глобална конференција за користење податоци за подобрување на мерењето на корупцијата, организирана од Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП). На конференцијата, г. Фетаи ќе ги презентира искуствата и заложбите на Владата на Република Македонија во борбата против корупцијата, како и напорите за унапредување на транспарентноста и отчетноста.

Дополнително, заменик-претседателот на Владата ќе присуствува на манифестациите организирани од албанските здруженија во Њујорк по повод ноемвриските празници. Во рамки на посетата, предвидени се и други работни средби насочени кон продлабочување на билатералната соработка и меѓународна промоција на реформите во областа на доброто владеење, владеењето на правото и зајакнувањето на институционалниот интегритет.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп изјави дека Украина мора да сака…

Американскиот претседател Доналд Трамп ја повика Украина…

Администрацијата на Трамп поништи над 300.000 визи…

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп поништила…

Амбасадорката на САД, Никол Варнс во посета…

Општина Делчево денеска беше домаќин на амбасадорката…

Администрацијата на Трамп ја одложи испораката на…

Администрацијата на Трамп не го одобри трансферот…

САД испратија аларм за опасност низ Блискиот…

Американските амбасади низ Блискиот Исток во понеделникот…