Вице-гувернерката Митреска: Мерките на НБРМ за АЛТА банка се од превентивен карактер

t

Ана Митреска, вице-гувернер на НБРМ, сведочеше на денешната надзорна расправа во Комисијата за финансирање и буџет во Собранието на РМ за ситуацијата со Алта банка.

Митреска нагласи дека заради случувањата во соседството ИО на НБРМ донесе одлука за воведување на администрација во АЛТА банка Битола, одлуката не е поврзана со тековната работа и финансиската состојба на домашната банка. Одземањето на дозволата за работа во Србија автоматски значи дека акционерот не може да има акции во банка во Македонија, затоа НБРМ ги презеде сите потребни мерки, нагласи вице-гувернерката и додаде дека мерката „администрација“ е времена мерка со превентивен карактер се до наоѓање на оптимално решение кое ќе биде во интерес на штедачите, доверителите на банката и целиот банкарски систем.

Митреска одговараше на прашањата на пратениците Јованка Тренчевска од СДСМ, Зоранчо Јованчев од ВМРО-ДПМНЕ и независниот пратеник Миле Цеков.

Вице-гувернерката истакна дека целосно биле запазени сите процедури при продажба на акциите на Стопанска банка АД Битола. Остварена е службена комуникација со сите надлежни органи во државата и се направени проверки во рамки на меѓународни глобални платформи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вице-гувернерката Митреска: Мерките на НБРМ за АЛТА…

Ана Митреска, вице-гувернер на НБРМ, сведочеше на…

Славевски: Алта банка е стабилна, сите процедури…

Алта банка АД Битола е стабилна, со…

АЛТА БАНКА има преку 30 милиони евра…

Продажба на Алта Банка А.Д Битола на…

НБРМ презеде контрола врз Алта банка во…

Народната банка воведе привремена администрација во Алта…

Собранието ја именуваше Арљинда Хасани Синани за…

На предлог на гувернерот на Народната банка…