Вклучена е и Македонија: Дубиоза колектив бара на Евросонг да пее под знамето на Апсурдистан

t

Членовите на групата Дубиоза колектив од БиХ ги замолија фановите да потпишат петиција за нивно заминување на Изборот за песна на Евровизија, што ќе се одржи во мај во Ливерпул.

„Покрената е петиција Дубиоза колектив да учествува на Евровизија како претставник на оние кои не се претставени. Црна Гора, Македонија, Бугарија, Словачка, Унгарија и Турција годинава нема да имаат претставник на европскиот натпревар, како и Босна и Херцеговина, која поради неплатени долгови кон Европската радиодифузна унија (ЕБУ) седум години не учествува на Евровизија“, велат тие.

Тие сакаат публиката да го даде својот глас на колективното барање ЕБУ да дозволи Дубиоза колектив да настапува три минути и да ги претстави непретставуваните.

„Дубиоза колектив ќе пее под знамето на Апсурдистан. Дубиоза колектив не сака да се натпреварува, туку сака да учествува“, заклучија тие. Сите заинтересирани може да ја потпишат петицијата ОВДЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Германија очекува нови руски хибридни напади

Германскиот канцелар Фридрих Мерц предупреди дека неговата…

Глобалниот пазар на обврзници под огромен притисок…

Паралелно со геополитичката криза се развива уште…

Иран подготвува многу посилен одговор доколку САД…

Иран се подготвува за поширок и посилен…

Нов удар врз саудиската нафтена индустрија: нападнат…

Нов сериозен напад е пријавен врз клучната…

Сомнежи за бензинските пред новите цени: Имаат…

Граѓаните кои се сомневаат дека одредена бензинска…