Вкупниот прометот во индустријата во април намален за седум проценти

t

Прометот во индустријата, вкупно, во април годинава во однос на април минатата година е намален за седум проценти, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во април 2024 година, во однос на април2023 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 7,8 проценти, Tрајни производи за широкапотрошувачка за 5,9 проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 6,7 проценти, а опаѓање кајКапитални производи за 23,2 проценти.

Прометот во индустријата, вкупно, во април годинава во однос на март годинава е намален за 11,6 проценти а во периодот јануари – април година, во однос истиот период лани за 8,7 отсто.

На домашниот пазар, прометот во индустријата во април годинава во однос на април минатата година е зголемен за 8,7 проценти, а за 1,2 проценти во однос на март годинава.

Во периодот јануари – април годинава во однос на јануари – април минатата година, пак, има зголемување од 102. 3.

Според податоците на ДЗС, прометот во индустријата на странските пазари, во април годинава во однос на април минатата година е намален за 11 проценти, а во однос на март 2024 година, за 15,4 отсто.

Во периодот јануари – април година, во однос на истиопт период лани, има намалување од 11,5 проценти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОЖАР ВО СЕДИШТЕТО НА ЦИА: Пожарникари интервенирале…

Пожар избувнал во седиштето на американската Централна…

САД предупредуваат дека украинските напади длабоко на…

Пентагон денеска ги замоли западните земји кои…

КИБЕРНАПАД ВРЗ НАЈГОЛЕМИОТ СНАБДУВАЧ СО ПРИРОДЕН ГАС…

Норвешкиот енергетски гигант „Еквинор“ (Equinor), најголемиот снабдувач…

ПОРАНЕШНИОТ БУГАРСКИ ЦАР СО ПОРАКА ПО СРЕДБАТА…

Поранешниот бугарски цар и експремиер Симеон Сакскобурготски…

НЕОЧЕКУВАН ПОВИК ВО ИЗРАЕЛСКИОТ ПАРЛАМЕНТ: Нетанјаху итно…

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, според информации што…