Вкупно 16 пожари до 18 часот, седум се активни!

t

Информација за состојбата со пожари на отворен простор (до 18 часот)

На 21.07.2025 година, до 18:00 часот, регистрирани се вкупно 16 пожари на отворен простор, од кои:

7 се активни,

4 се под контрола,

5 се изгаснати.

АКТИВНИ ПОЖАРИ:

• Општини Василево, Радовиш и Берово – с. Нивичино, кај Готен планина и Малешевски Планини (нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација)

• Општина Македонски Брод – с. Грешница (мешана шума и ниска вегетација)

• Општина Македонски Брод – помеѓу селата Црешнево, Локвица и Крапа (деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација)

• Општина Ресен – с. Шурленци и с. Езерани (трска и ниска вегетација)

• Општина Желино – помеѓу селата Церово и Групчин (нискостеблеста и деградирана шума)

• Општина Прилеп – с. Штавица, со ширење кон селата Чумово, Волково и Прилепец (ниска вегетација и деградирана шума)

• Општина Шуто Оризари – ул. Брсњачка Буна (ниска вегетација)

+ПОЖАРИ ПОД КОНТРОЛА:

• Општина Дојран – с. Николиќ (мешана шума)

• Општина Велес – меѓу селата Џидимирци, Крушје и Иванковци (мешана нискостеблеста деградирана шума)

• Општина Гостивар – с. Симница (нискостеблеста и дабова шума)

• Општина Прилеп – меѓу селата Царевиќ и Смолани, место викано Радобилски Рид (мешана шума и ниска вегетација)

ИЗГАСНАТИ ПОЖАРИ:

• Општина Куманово – Индустриска зона (ниска вегетација и отпад)

• Општина Старо Нагоричане – с. Старо Нагоричане (отпад)

• Општина Брвеница – с. Брвеница (ниска вегетација)

• Општина Гостивар – с. Чајле (ниска вегетација)

• Општина Долнени – с. Горно Село (ниска вегетација)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Работник Ром го пријавил шефот Албанец дека…

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација…

Во Хрватска е уапсен е градежен работник…

Хрватската полиција поднесе кривична пријава против 54-годишен…

360 степени: (Не)скриени актери во Македонија потпалуваат…

Повеќе интернет-портали и фејсбук-страници на македонски јазик…

ЦУК: Активни се четири пожари

Активни се четири од 14 регистрирани пожари…

Сиљановска: Убедени сме дека Македонија има многу…

Билатералните односи меѓу Македонија и Индија да…