Владата го намали ДДВто за горивата од 18 на 10%

t

Владата донесе одлука со која данокот на додадена вредност за горивата се намалува од досегашните 18 на 10 проценти, со цел да се ублажи растот на цените и финансискиот товар врз граѓаните и стопанството во услови на кризна состојба.

Според владините пресметки, мерката значително ќе го ублажи очекуваното поскапување на горивата. Кај нафтата, наместо очекуваното зголемување од околу пет денари, се очекува намалување од околу два денари, со што ценовниот удар би бил ублажен за околу седум денари. Новата цена би изнесувала околу 99 денари за литар.

Кај бензините се очекува зголемување од околу 3,5 денари, па цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 би изнесувала околу 100,5 денари за литар, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 би достигнала околу 102,5 денари за литар.

Намалената даночна стапка од 10 проценти ќе се применува од 00:01 часот на 15 септември до 24:00 часот на 28 септември 2026 година.

Од Владата велат дека со мерката се преземаат конкретни чекори за заштита на животниот стандард на граѓаните и поддршка на стопанството, во услови на можни нарушувања во снабдувањето со нафта и нафтени деривати.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Меѓународниот кривичен суд во Хаг за санкциите…

Воведувањето санкции против Меѓународниот кривичен суд како…

Дронови и мистериозни балони на небото над…

Москва наводно била цел на напади со…

Дипломатски судир меѓу САД и Европа: Вашингтон…

Соединетите Американски Држави воведоа нови санкции против…

Финансиски аларм во Америка: Приносите на државните…

Американскиот пазар на државни обврзници испраќа сериозни…