Владата го намали ДДВ-то за горивата: Се очекува бензинот да поскапи за 3,5 денари, а дизелот да поевтини за два денари
Владата на денешната седница, донесе Одлука со која ДДВ се намалува од 18% на 10%, со цел директно да се ублажи ценовниот удар врз граѓаните и стопанството во услови на кризна состојба поради можноста за нарушувања во снабдувањето со нафта и нафтени деривати.
Согласно пресметките на Владата, со намалувањето на ДДВ од 18% на 10% значително ќе се ублажи очекуваното зголемување на цените на горивата.
Кај нафтата, наместо редовното очекувано зголемување од околу 5 денари, со оваа мерка се очекува намалување од околу 2 денари. Тоа значи вкупно ублажување на ценовниот удар од околу 7 денари, при што новата цена би изнесувала околу 99 денари за литар.
Кај бензините, согласно пресметките, се очекува зголемување од околу 3,5 денари, што значи дека новата цена би изнесувала околу 100,5 денари за литар за бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, односно 102,5 денари за литар за бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98.
Повластената даночна стапка од 10% ќе се применува од 00:01 часот на 15 септември 2026 година до 24:00 часот на 28 септември 2026 година.
Со оваа одлука Владата презема конкретна и навремена мерка за заштита на животниот стандард на граѓаните, намалување на финансискиот товар и поддршка на стопанството во услови на кризна состојба.
Владата продолжува внимателно да ги следи состојбите на пазарот на нафтени деривати и да презема мерки во интерес на граѓаните и економијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Меѓународниот кривичен суд во Хаг за санкциите…
Воведувањето санкции против Меѓународниот кривичен суд како…
Дронови и мистериозни балони на небото над…
Москва наводно била цел на напади со…
Дипломатски судир меѓу САД и Европа: Вашингтон…
Соединетите Американски Држави воведоа нови санкции против…
Финансиски аларм во Америка: Приносите на државните…
Американскиот пазар на државни обврзници испраќа сериозни…
Обединетите нации предупредуваат: Светската економија нагло забавува,…
Светската економија влегува во нов период на…