Владата го усвои Предлогот за измени и дополнувања на Буџетот за 2026 година
Денеска на седница го разгледа и усвои Предлогот за измени и дополнувања на Буџетот за 2026 година.
-Со предложените измени се врши приспособување на приходната и расходната страна на Буџетот, како резултат на фискалното влијание од мерките што ги презеде Владата за поддршка на граѓаните и бизнисот, преку намалувањето на акцизата и ДДВ-то кај горивата – стои во соопштението на владината прес-служба.
Со предложените измени, вкупните приходи се проектираат на ниво од 374,2 милјарди денари, додека расходите се проектираат на 420,5 милјарди денари, при што буџетскиот дефицит се задржува на непроменето ниво.
Целта на предложените измени е да се одржи стабилноста на јавните финансии, да се обезбеди непречено и редовно функционирање на институциите, реализација на предвидените програми и навремено сервисирање на сите обврски – додаваат од Владата.
Предлогот за измени и дополнувања на Буџетот ќе биде доставен до Собранието на понатамошно разгледување и усвојување
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Горат магацини кај Бит-пазар, пожарникарите со сите…
Голем пожар избувна доцна попладнево во близина…
Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова престојува во работна посета…
Иран демантира средба меѓу Резаи и Венс…
Иран ги отфрли извештаите дека секретарот на…
Франција го обвини Иран за сајбернапад врз…
Франција ја обвини иранската Револуционерна гарда за…
Касами ги викна оџата и владиката, ќе…
Градоначалникот на Тетово, Биљал Касами, денеска се…