Владата го усвои ребалансот на Буџетот за 2022 година

t

Владата го усвои предлогот за изменување и дополнување на Буџетот на Македонија за 2022 година.

Предлогот за ребаланс на Буџетот за 2022 година е насочен кон повеќе цели како што се ревидирање на иницијалните фискални проекции во согласност со променетиот макроекономски контекст во првата половина на 2022 година, инкорпорирање на фискалниот одговор на кризата, реструктурирање на буџетските расходи, зачувување на фискалната одржливост и оптимизирање на изворите на финансирање на буџетскиот дефицит.

Предложените измени и дополнувања, со кратења на непродуктивните трошоци во име на солидаризирање со последиците од актуелната криза, соопштија денеска од владината прес-служба, ќе овозможи поголема заштита на животниот стандард на граѓаните, особено ранливите категории, финансиска поддршка на ликвидноста на компаниите и оптимизирање на трошоците на позајмување, поддршка на монетарна политика и создавање поповолни услови за остварување на проектираните стапки на економски раст на краток и среден рок.

– Предлогот за ребалансот е донесен и врз основа на позитивните ефекти од антикризните мерки за справување со енергетската и ценовната криза кои создаваат основа за забрзување на економскиот раст во наредниот период, при очекувано постепено стабилизирање на глобалните синџири на снабдување и поповолен амбиент за инвестирање, се наведува во соопштението.

За деталите од предложениот ребаланс Министерството за финансии ќе извести на прес-конференција која е предвидено да се одржи во текот на утрешниот ден.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бајден го потпиша договорот за буџетот: 1200…

Американскиот претседател Џо Бајден денеска потпиша предлог-закон…

Богоев со генералниот директор на корејската царина:…

„Системот за управување со ризици и податочен…

Собранието го усвои Буџетот за 2024 година

Собранието на Република Македонија денеска го усвои…

Владата им ги реализира проектите на градоначалниците…

Дали СДСМ почна да им реализира проекти…

Продолжува амандманската расправа за Предлог-Буџетот за 2024…

Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска…