Владата денес ќе одлучува за ограничување на маржите!
Владата денеска ќе одлучи за 10-процентно ограничување на маржите во малопродажбата и големата трговија, што ќе важи до 30 април и ќе опфаќа над 100 групи производи. Покрај основните прехранбени производи, ќе бидат опфатени и средства за хигиена, бебешка храна и други високо маржирани производи кои се во основните потреби на граѓаните.
Оваа мерка следи по извештајот на Државниот пазарен инспекторат, кој утврдил високи маржи, од 20-30% за прехранбените производи и до 50% за увозниците. Контроли ќе бидат спроведени и кај производителите на млеко и месо.
Премиерот Мицкоски најави дека мерката ќе доведе до намалување на цените на основните производи, а министерката за економија Дурмиши додаде дека ќе се разгледаат долгорочни решенија за стабилни цени. Владата препорача маркетите да објавуваат транспарентно и редовно ги ажурираат цените на своите производи.
Ограничувањето на маржите ќе трае до 30 април, а Министерството за економија ќе анализира потреба за дополнителни мерки.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
НАТО ГО ОТКАЖА САМИТОТ ВО ТИРАНА: Рама…
НАТО се откажа од одржувањето на самитот…
Илон Маск на удар на демократите, почнуваат…
Лидерот на демократите во Претставничкиот дом, Хаким…
Одржан координативен состанок во Тетово за превенција…
Во просториите на Општина Тетово се одржа…
ПРИЈАВЕНИ ПРОБЛЕМИ СО GOOGLE, AMAZON И MICROSOFT:…
Пријавени се проблеми во работењето на услугите…
Израел ќе се приклучи на нападите врз…
Израелската армија проценила дека во моментов нема…