Владата допрва ќе прави пресметки за повисоките плати на професорите, од синдикатите задоволни од средбата
Конструктивна средба за барањата за повисоки плати и подобри услови за работа. Со вакви впечатоци од Сујузот на синдикати на УКИМ излегоа од владата , по разговорите во Владата. Од таму им кажале дека ќе треба се прават дополнителни пресметки за првите побарани 25% за зголемување на платите , следната година.
Беше укажано за многу тешката економска , финансиска состојба. Но, на крајот, сумирано заклучивме дека постои од нивна страна политичка волја да излезат во пресрет на барањата на синдикатот. Но, побараа малку време да направат одредени дополнителни пресметки затоа што во периодот доаѓа донесувањето на новиот буџет за новата година. Така што во некое блиско време ќе имаме повторно средба на која што ќе бидеме повикани и ние очекуваме конечно да биде позитивно одговорено на нашите барања, изјава Ангел Ристов- претседател на Сојузот на синдикати на УКИМ
Синдикатот на УКИМ е незадоволен од последното зголемување на платите за 7% од септември, согласно Колективниот договор со СОНК. Бараат зголемување за 100 % во следните 4 години за наставниот и ненаставниот кадар , потпишување нов грански Колективен договор со Собранието, со цел доближување до платите на нивните колеги во регионот. На средбата било побарано и унапредување на условите за работа на Универзитетот и повеќе средства за научно- истражувачка дејност, зашто според Ристов, држава која не инвестира во високото образование и науката нема иднина. Од Владата го потврдија исходот од средбата, но кажаа и за дадена задача на професорите.
Беше побарано од Синдикатот да се направи реорганизација на факултетите и воведување на нови атрактивни студиски програми, кои ќе ги зголемат сопствените приходи на високо образовните установи.
Разговорите меѓу СС на УКИМ и Владата започнаа по одржаниот протест на вработените на Универзитетот на почетокот на јуни , на кој беше искажано незадоволство од потценувачкиот однос на државата кон интелектуалниот труд.Иако тогаш беше најавен протест пред Владата, тој беше откажан зашто добија позитивен одговор за средба, која се одржа дури денеска. Тоа за сега значи и елиминирање на можноста за решавање на проблемите преку медијација или штрајк, зашто од УКИМ се децидни дека не сакаат решенија со притисок и на штета на студентите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Септемвриската просечна плата е 49.141 денар
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во…
Раководител во „Комунална хигиена“ се заканувал со…
Раководител во Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ бил…
СОСЕДИТЕ НАЈДОА БАКАР, НАШИОТ ВО ИЛОВИЦА НЕ…
Бугарија повторно се позиционира како еден од…
Коронавирусот е присутен и оваа сезона, регистрирани…
Во изминатата недела во земјава биле потврдени…
Хрватските студенти и средношколци ја бојкотираат наставата,…
Учениците во средните училишта и студентите во…