Владата заседава: Колку ќе изнесува минималната плата?
На денешната седница на Економскиот совет на Владата, како што е најавено, треба да биде разгледано она што досега се разговараше во врска со барањето на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) минималната плата да биде 18.000 денари, а останатите плати да се зголемуваат скалесто. Исто така ќе стане збор и за најновиот предлог на Бизнис конфедерацијата изнесен на последниот состанок на Економско-социјалниот совет да се субвенционира дел од зголемувањето на минималната плата.
Премиерот Димитар Ковачевски на својот Фејсбук профил изрази очекување дека денеска би требало да има решение за покачување на минималната плата. Од ССМ предупредија дека доколку в четврток во парламентот не се изгласа нивното предлог законско решение ќе почнат штрајк, односно блокади на фабрики, економски зони, патишта. На втората средба за минималната плата што се одржа во минатата недела во Владата не беше постигнат договор.
Во Собранието на дневен ред на пленарна седница на 10 февруари по скратена постапка е ставен предлог за измени на Законот за минимална плата поднесен од „Левица“ со кој се бара минималната плата да биде 60 проценти од просечната плата. Досега, поддршка за ваквиот предлог најавија од ДОМ, Демократскиот сојуз и Социјалистичката партија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Автомобил се преврте на Стража
Снег синоќа паѓаше на повеќе места низ…
(Фото) Патиштата проодни и чисти, укинати забрани…
Јавното претпријатие за одржување и заштита на…
Јанаки: Маносфера, Ендру Тејт wannabe мажиња кои…
Синоќа на скопските клиники, во животно загрозувачка…
Ѓорѓиевски: Скопјани ќе имаат единствена голема прослава…
Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Град Скопје, во…
Балканот зафатен од снег и ветер, во…
Повеќе делови од Балканот денеска се зафатени…