Владата иако знаела за војната не набавила ниту пченица, ниту гориво на време

t

Власта иако знаеле за војната не набавила ниту пченица, ниту гориво на време, затоа сега ќе има редици пред маркетите и бензинските, вели ВМРО-ДПМНЕ.

“Владата и Стево Пендаровски знаеле уште на 8 ноември дека ќе има војна во Украина со Русија и не преземале ништо за да ја подготват државата со зголемено ниво на стокови резерви и план при криза.

Во изминативе неколку дена слушнавме три изјави на високи државни функционери дека стоковите резерви се полни, па ако не се да се наполнат, па пак дека се полни, за на крај претседателот на Република Србија да каже дека дава 50.000 тони пченица и 25.000 тони пченка за Македонија.

Што правела владата и Пендаровски и зошто не преземале ништо за полнење на државните резерви? Зошто до сега не се пуштени резерви во оптек, доколку ги имало за да не се покачат цените на ниво како што се сега?

Доколку властите знаеле за војната, зошто не набавиле доволно гориво, и гас, туку во ек на зима се соочувавме со недостатоци? А најлошото заради нивната неспособност допрва доаѓа.

Доколку Пендаровски и владата знаеле за војната зошто не направиле план за извлекување на нашите државјани, туку наместо тоа го повлекоа персоналот, а ги оставија луѓето во опасност?

Пендаровски и владата треба да одговорат што презеле до сега, и зошто дозволиле состојбата да дојде до оваа драматична точка?“, се вели во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Киев Пост“: Украина го одбила американскиот план…

Украина го отфрли американскиот предлог за прекројување…

Зеленски до Путин: „И јас можам да…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа ги изнесе…

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и Заев да одговорат дали…

СДС и Венко Филипче што со демагогии,…

Американски војник уапсен во Британија под сомнение…

Високопозициониран американски војник е уапсен во Британија…

Преговорите меѓу Украина и Русија продолжуваат во…

Трилатералните преговори меѓу Русија, САД и Украина…