Владата и Биатлон федерацијата реализираа Конференција за родова еднаквост во спортот
Вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, заедно со Биатлон федерацијата на Република Македонија, ја реализираа Конференцијата за родова еднаквост во спортот и застапеноста на жените во спортските организации и родовата дискриминација во спортот.
„Во време кога Република Македонија прави големи чекори во својата интеграција во семејството на државите во Европската Унија, мораме да бидеме самокритични, дека сè уште заостануваме на планот на родовата еднаквост. Оваа состојба не смее да не обесхрабрува, туку напротив, треба сите да не мотивира и со заеднички ангажман, а пред сѐ мислам на државата, невладините организации, спортските клубови и сите останати пријатели на спортот, заеднички да работиме на подобрување на оваа состојба“, изјави вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска.
На настанот збор зедоа Кочо Кираца од Биатлон федерацијата, директорот на Агенција за млади и спорт, Наумче Мојсовски, Татјана Блажевска, Силвија Митевска од Македонски Олимписки Комитет, Габриела Маџоска од Министерството за труд и социјална политика, деканката Ленче Алексовска-Величковска од Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, Зорица Блажевска од РК Металург и кошаркарскиот делегат Елена Велкоска.
Присутните ја искористија приликата да упатат до јавноста свој став и гледиште за оваа тема.
На средбата, обострано беше констатирано, дека заеднички и во иднина ќе се унапредува оваа материја преку соработка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Над 90 уапсени во Србија за две…
Повеќе од 90 лица се уапсени во…
Киев Индипендент: Сите зборуваат за Трета светска…
Шведска вложува во војската, ги обновува јавните…
Техеран ги отфрли обвинувањата за хакирање на…
Иранското Министерство за надворешни работи ги отфрли…
ИРАН ГИ ДЕМАНТИРА ПРЕГОВОРИТЕ СО САД: Ормускиот…
Иран категорично ги отфрли информациите дека во…
ЕУ одобри присуство на својата воена мисија…
Европската Унија одобри воспоставување присуство на својата…