Владата и министерствата не се транспарентни како лани

t

Просечната активна транспарентност на министерствата, на Владата и на општините за 2025 година изнесува 80 отсто (од максимално можни 100 отсто), исто колку што изнесувала и минатата година, покажува редовното годишно рангирање на институциите според Индексот на активна транспарентност што го објави Центарот за граѓански комуникации.

Во рангирањето се вклучени 102 институции, односно Владата и сите министерства и општини.

Индексот покажува дека активната транспарентност на министерствата и Владата е намалена во однос на лани и изнесува 84 отсто, а лани била 86 отсто, а оти општините го задржале истото ниво на активна транспарентност како и лани, односно 79 отсто. Дури 44 проценти од опфатените институции ја влошиле својата активна транспарентност (лани се влошиле 19 отсто од институциите).

– Министерството за одбрана, петта година по ред ги задржа максималните 100 проценти активна транспарентност, а резултатот од 100 проценти годинава го освои и новоформираното Министерство за дигитална трансформација. Кај општините, за разлика од лани кога дури пет општини го делеа првото место со 100 отсто активна транспарентност, годинава на ова место се задржаа само две – Кавадарци и Кичево – се вели во соопштението од Центарот за граѓански комуникации.

Меѓу регионите, трета година по ред на првото место се наоѓа Источниот Регион (со иста активна транспарентност како и лани од 88 отсто). На последно место, со намалена активна транспарентност во однос на лани се наоѓа Полошкиот Регион (со 71 отсто активна транспарентност, која лани 73 отсто.

Најмалку информации, и министерствата и општините објавуваат за финансиите (министерствата 58 отсто, а општините 59 отсто од можни 100 отсто).

Огромно уназадување има кај одговорите по барањата за слободен пристап до информациите од јавен карактер, што им беа испратени на сите институции во ист ден и со исто прашање, велат од Центарот. Општините одговориле во просек за 21 ден (лани за 15 дена), а министерствата одговорија за 23 дена (лани за 14 дена). Инаку, крајниот законски рок е 20 дена.

Само 54 проценти од институциите одговорија во рамките на максималниот законскиот рок од 20 дена (лани тоа го сториле 71 отсто од институциите).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВЛЕН: ДУИ САМА ПРИЗНАВА ДЕКА ФУНКЦИОНИРА КАКО…

Соопштение на ВЛЕН Во ДУИ веќе не…

Физички нападнати полицајци во Тетово!

На 16.08.2026 во 21:50 часот на ул.„Маршал…

Левица: Три години се крши Законот за…

На денешната прес-конференција, генералниот секретар на Црвена…

Бугарија врати 11,6 тони македонски пиперки поради…

Бугарските власти вратиле пратка од 11,6 тони…

„Мислевме дека спие“: родители во Италија возеле…

Родители возеле околу 100 километри низ Италија…