Владата најавува реконструкција на сите споменици од НОБ

t

Премиерот Димитар Ковачевски денеска најави дека ќе се реконструираат сите споменици од НОБ.

За реконструкција на сите споменици и спомен-обележја од НОБ, како што рече, Владата обезбеди пари од Буџетот на државата иако согласно Законот за меморијални споменици и спомен-обележја, за подигањето, чувањето, одржувањето, заштитата на спомен-обележје се надлежни општините, односно Градот Скопје.

Со буџетот за оваа година, сите споменици и спомен-обележја од НОБ на личности кои дале придонес во борбата против фашизмот и ослободувањето на нашата држава и на настани што се случиле и се сведоштво за непокор и борбата за слобода, ќе бидат реконструирани. Министерството за култура е задолжено да склучи договори, меморандуми за соработка со општините за санација на спомен-обележјата и да достави информација до Владата во која ќе бидат утврдени потребните мерки и средства за оваа цел. Целта е, повторувам уште еднаш, сите споменици од НОБ да бидат реконструирани, подвлече премиерот, одговорајќи на прашање од пратеничката Лидија Тасевска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Забранета утринската програма на „Информер“ во Србија

Регулаторното тело за електронски медиуми на Србија…

Нови случаи на семејно насилство во Македонија:…

Два случаи на семејно насилство биле пријавени…

Трамп: Војната во Иран практично е завршена

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека војната…

Во Абу Даби почнуваат трилатералните разговори за…

Во Абу Даби денеска почнува нова рунда…

Курц: За десет години ќе живееме во…

Поранешниот австриски канцелар Себастијан Курц оцени дека…