,,Владата на ВМРО-ДПМНЕ за 8 дена направи повеќе отколку СДСМ за 7 години”
„За 8 дена направивме повеќе отколку тие за 7 години, тоа е јасно видливо и транспарентно. Сакаме да се соочиме со фактите и конечно добивме шанса да ја водиме оваа држава и да покажеме зошто треба да бидеме различни. Не чека многу работа и ќе биде подобро за сите што живеат во нашата држава“, истакна пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски во вечерашното гостување на емисијата „За или Против“ на ТВ Алфа.
Тој зборуваше и во однос на внатрепартиските избори во СДСМ.
„Ние имаме еден принципиелен став да не се мешаме во внатрепартиските работи на другите партии бидејќи не сакаме да го правиме на другите тоа што ни го правеа на нас. Бидејќи ќе се сетите дека во изминатите 7 години имаше дузина на активности каде директно беа мотивирани од Заев, Ковачевски и целото СДСМ мотивирање на фракции во ВМРО-ДПМНЕ. За нас тоа не е витешки и џентлментски“, вели Стојаноски.
Тој во однос на правосудството истакна дека ВМРО-ДПМНЕ како власт ќе е отворена за соработка со нив.
„Сакаме да бидеме отворени кон правосудните органи, нашата соработка ќе биде отворена со нив бидејќи во изминатите 7 години во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ стигнаа без број индиции за сторен криминал“, вели Стојаноски.
Тој посочи дека секој оној што се огрешил треба да одговара.
„Она кое е огрешено а има многу индиции и директни прекршувања на закон треба да е санкционирано и тука нема да има толеранција кон никого. Преку глава му е на овој чесен народ да оди на работа за плата и да гледа како луѓе влегуваат во политиката како голтари, а стануваат милионери“, дециден е Стојаноски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израел ќе реализира летови за репатријација на…
Израелскиот превозник „ИзрЕр“ вели дека се подготвува…
Трамп: Не гледам дека Москва или Пјонгјанг…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не…
Моторџија од Србија е тешко повреден во…
„На 16.06.2025 во 15:00 часот во СВР…
Дете од Дебар е тешко повредено во…
Возач на автомобил вчера во Дебар удрил…
Се гради најголемата пловна населба во Европа!
Најголемата пловна населба во Европа наскоро би…