Објавено на:

Владата на Косово го направи првиот чекор кон аплицирање за зачленување на државата во Советот на Европа

t

Владата на Косово го направи првиот чекор кон аплицирање за зачленување на државата во Советот на Европа, усвојувајќи ја иницијативата за членство во оваа меѓународна организација, јави дописникот на МИА од Приштина.

Како што соопшти владината служба за информирање, со денешната одлука се наложува на Министерството за надворешни работи и дијаспора да ги спроведе сите процедури за зачленување согласно легислативата што е во сила“.

„ Владата на Република Косово одржа електронска седница на која принципиелно ја усвои инициативата за зачленување на Република Косово во меѓународната организација Совет на Европа“, се наведува во соопштението.

Во СЕ членуваат 46 држави и за прием на нова членка потребни се гласовите не две третини од нив. Како што јавуваат медиумите во Приштина, надежите на косовските власти за прием во организацијата пораснаа по исклучувањето на Русија од неа.

СЕ е меѓународна организација за човекови права, демократија и владеење на правото, со седиште во Стразбур, Франција.

Српскиот претседател Александар Вучиќ вчера во Брисел изјави дека аплицирањето на Косово за членство во СЕ би претставувало кршење на договорите меѓу двете држави потпишани со меѓународно посредништво и најави „сериозен одговор“ и „последици“ доколку тоа се случи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шверц на границата меѓу Македонија и Косово:…

Возило без регистарски таблички е запрено во…

Реномиран шпански весник: Северна Европа се подготвува…

Иако нордискиот модел денес се соочува со…

Над илјада заразени во Европа од западнонилска…

Повеќе од 1.000 случаи на инфекција со…

ЕУ ќе издвои дополнителни 200 милиони евра…

Европската унија ќе обезбеди дополнителни 200 милиони…

Европа стравува од нов енергетски шок: Цената…

Европскиот енергетски пазар повторно се соочува со…