Владата прогласи кризна состојба од 30 дена поради пожарите
Владата донесе одлука за прогласување на кризна состојба од 30 дена на цела територија на државата поради зголемената појава на пожари.
Портпаролката на Владата Марија Митева попладнево на прес-конференција соопшти дека одлуката е донесена врз основа на денешната седница на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот со кризи.
– Ова на терен значи дека се овозможува интегриран пристап и координирано дејствување на сите надлежни институции – Армијата, полицијата, сите противпожарни единици, Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување и локалните самоуправи. Ќе се мобилизираат сите ресурси вклучително и човечки, технички, логистички се со цел да се справиме со пожарите и заштита на населението, рече Митева.
Владата, како што посочи, ќе обезбеди помош за сите засегнати подрачја со цел спречување на поголеми последици.
Ги повика граѓаните на максимална внимателност и почитување на сите препораки и забрани.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски: Очекувам аукцијата за отуѓување на акциите…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува аукцијата за отуѓување…
Приведен е братот на Виктор Орбан осомничен…
Братот на поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан,…
Мајка донела пакет за синот во „Идризово“,…
При редовна проверка на пакет во затворот…
Искршени плочи на гробишта во Скопје по…
По Задушница, скопјанец пријавил оштетување на гробно…
Пет дена боледување од матичен – Нови…
Од 1 декември се менуваат правилата за…