Владата се избори Коридорот 8 да стане главен коридор на ЕУ, вели Бочварски
„Коридорот што ги поврзува Јадранското и Црното Море и кој поминува низ земјава не беше комплетно ставен на мапата на главни коридори, туку беше спореден. Минатата година на неколку средби со еврокоменсарката за транспорт, заедно со претставниците од Бугарија и Албанија баравме Коридорот 8 да биде вметнат на мапата на главни коридори на ЕУ“ изјави министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски во „Топ тема“ на Телма.
Според Бочварски барањето било испратено и во 2013 година од тогашната македонската Влада, но не било прифатено. Тој потенцираше дека денес е прифатено поради тоа што и во презентација, но и од страна на Бугарија и останатите држави каде што поминува Владата истакнувала дека станува збор за доизградба на коридирит,
Министерот додаде дека е важна одлуката овој коридот што е помеѓу главните коридори, но сега останува на нас да работиме на доизградба и час поскоро да го завршиме овој проект.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бесплатен интернет на 72 локации во 64…
Вкупно 72 локации во 64 општини низ…
ЕУ ќе воспостави присуство на својата воена…
Советот на Европската Унија одлучи да воспостави…
Палмер: Македонија направи сè што Европската унија…
Македонија направила сè што Европската унија побарала…
ЕУ ги почна преговорите за бесплатен роаминг…
Европската комисија ги започна преговорите со Србија,…
Урсула фон дер Лајен следната недела во…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…