Владата утре ќе разговара со производителите и дистрибутерите за цените на основните производи
Производителите и дистрибутерите утре со владините претставници седнуваат на заедничка маса – ќе разговараат за продажните и набавните цени.
Состанокот доаѓа откако двете контроли кои ги направиле пазарните инспектори , покажале дека иако засега цените на храната се стабилни, имало периоди кога цените на рафтовите растеле побрзо од оние по кои се набавувале поради повисоки бруто профитни маржи, а во одреден период дури и кога набавните цени се намалиле крајните останале исти…
Од министерството за економија и труд и денеска повторија дека во време на глобална неизвесност очекуваат сите компании да покажат општествена одговорност.
„На состанокот ќе разговараме околу целиот синџир на набавка, односно за цените од набавка па се до крајната цена. Очекуваме апелот на министерството за економија да биде слушнат и во иднина да немаме вакви отстапки.“ – Министерство за економија и труд.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Привремениот администратор на АЛТА банка: Никако не…
Илија Андовски, привремен администратор на АЛТА банка…
Топ ченел: Претседателот на Советот на Чаир…
Форумот на исламската младина во Северна Македонија,…
Јаковлева: Агенцијата за разузнавање не најде информации…
Директорката на Агенцијата за разузнавање, Габриела Јаковлева,…
Имало решение: Девојчињата од Ѓорче Петров, кои…
На четирите тинејџерки против кои се водеше…
Граѓани снимиле камион како истура отпад кај…
Жители на скопската општина Аеродром реагирале откако…