Владата ја продолжи кризната состојба за нови 30 дена – останува забраната за движење во шуми казната е 2 илјади евра

t

Владата на седница донесе одлука да ја продолжи кризната состојба за нови 30 дена, која вклучува целосна забрана за движење во шумите.

„Со ова продолжување се обезбедува навремена помош за сите засегнати подрачја, односно сите ресурси вклучително и човечки, технички, логистички остануваат мобилизирани, сè со цел да се справат со пожарите и заштита на населението од огнените стихии“, велат од таму.

Доколку не се почитува забраната за движење во шуми и шумско земјиште, следуваат и парични казни.

„Имено, поради висок ризик од шумски пожари во државата, апелираме до граѓаните да бидат внимателни и да ја почитуваат целосната забрана за движење во шумите и шумското земјиште (донесена од 01.07.2025 година и ќе трае до 31.08.2025 година), во спротивно сите оние кои не се придржуваат кон оваа одлука, која е донесена за спречување на пожари, ќе бидат казнети со парична казна од 1.500 до 2.000 евра“, стои во владиното соопштение.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Напади во Германија: Вчера експлозија во електрана,…

Еден ден по експлозијата во трафостаницата до…

„Грција признава само машки и женски пол“:…

„Грција признава само два пола, машки и…

Тинејџер планирал киднапирање на Мбапе

Француската јавност е вознемирена по откривањето на…

Го претепал и повредил својот 74-годишен татко,…

На 01.09.2026 во 21:00 часот во радовишко…