Владата ја продолжува мерката за намалување на ДДВ за дизелот од 18 на 10 отсто до 20 октомври
Владата ја продолжува мерката со која ДДВ за дизел горивото е намален од 18 на 10 отсто, а повластената стапка ќе важи до 20 октомври 2026 година.
Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска соопшти дека целта е да се ублажат ценовните притисоци врз граѓаните и стопанството и да се зачува економската стабилност.
„Продолжуваме со мерките за заштита на стандардот на граѓаните и стабилноста на домашната економија. Владата ја продолжува мерката за намалување на ДДВ за дизелот од 18 отсто на 10 отсто, до 20 октомври 2026 година. Со оваа мерка влијаеме врз малопродажните цени на горивата и ги ублажуваме надворешните ценовни притисоци, со цел да го намалиме финансискиот товар врз граѓаните и стопанството“, напиша Димитриеска-Кочоска.
Таа посочи дека надлежните институции продолжуваат да ги следат движењата на цените на меѓународните пазари и, доколку е потребно, ќе реагираат со дополнителни мерки.
„Продолжуваме внимателно да ги следиме состојбите на меѓународните пазари и навремено да реагираме со мерки што придонесуваат за заштита на животниот стандард и економската стабилност“, истакна министерката.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: Единствени „испрани“ пари во Македонија влегоа…
ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека во периодот на владеењето…
Забранета утринската програма на „Информер“ во Србија
Регулаторното тело за електронски медиуми на Србија…
Нови случаи на семејно насилство во Македонија:…
Два случаи на семејно насилство биле пријавени…
Трамп: Војната во Иран практично е завршена
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека војната…
Во Абу Даби почнуваат трилатералните разговори за…
Во Абу Даби денеска почнува нова рунда…