Владата ја раскина концесијата за изградба на мала хидроцентрала на реката Блатешница
Владата донесе длука за еднострано раскинување на договорот за концесија за изградба на хидроцентрала на реката Блатешница. Одлуката, донесена на 30 јуни, излезе во Службен весник на 3 јули, а инвеститорот „Енерџи лукс“ од Кочани има 30 дена можност да се жали пред Управниот суд. „Енерџи лукс“ ја има концесијата од 2012 година, а Владата во октомври лани ѝ го продолжи рокот за изградба на хидроцентралата до 7 март 2026.
Градоначалникот на Виница, Митко Костадиновски денеска објави дека со тоа се заокружува уште еден важен чекор во заштитата на јавниот интерес и природните вредности на овој простор.
Жителите на виничкото село Блатец повеќе од една деценија се бореа за да ја зачуваат својата река Блатешница од изградбата на мала хидроцентрала. Тие во март годинава организраа протести и го блокираа и патот Виница-Берово, а пристапот кон реката го чуваа со стражи. Тие бараа да не се градат инфраструктурни објекти на реката од која зависи животот во селото со над 1.200 жители кои водата ја користат за пиење и за наводнување на нивите.
Костадиновски кажа дека во втората половина на февруари годинава, со официјален допис го известил инвеститорот дека Одобрението за градење на хидроцентралата на реката Блатешниц престанало да важи на 13 август 2025.
„Го предупредив дека доколку преземе какви било градежни дејствија по престанокот на важноста на одобрението, истите ќе се сметаат за бесправно градење, односно бесправна градба, и ќе претставуваат основ за поведување соодветни постапки согласно важечките законски прописи. За наведеното, со посебен допис го известив и Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, со цел оваа околност да биде земена предвид при одлучувањето за евентуално продолжување на договорот за концесија“, вели Костадиновски.
Од Месната заедница на Блатец, чии жители со години протестираа против хидроцентралата, велат дека владината одлука е по повеќе од 10 години неизвесност и борба и е „резултат на заедништвото, истрајноста и гласот на граѓаните“.
„Остануваме посветени на зачувувањето на Блатешница и природното богатство на Блатец и во иднина“, велат тие.
Блатец има 1.800 жители, а мини хидроцентралата требаше да се гради во близина на селото. Цело село беше претворено во граѓански отпор што се формираше веднаш по првите геодетски мерења на трасата долж локалната река, каде минува и селскиот цевковод од кој селото се снабдува со вода за пиење и за наводнување на земјоделските површини.
„Минихидроцентралата со цевководи ќе ја зафати целата вода од реката која не е со којзнае колкава голема издашност, што значи на потег од три километри долж реката не само што селото ќе нема вода, туку ќе се случи голема еколошка катастрофа на живиот свет“, велат жителите во Блатец.
Извор: СДК
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Владата ја раскина концесијата за изградба на…
Владата донесе длука за еднострано раскинување на…
Протест на судиите поротници – нема да…
Судиите-поротници при Основниот кривичен суд Скопје почнувајќи…
Томовски: Воведувањето на обоените регистарски таблички за…
Во „Тема на денот“ на МРТ гостуваше…
„Не паничете, но не игнорирајте го ризикот“:…
По појавата на нови случаи на заболувања…
Зеленски: Русија сака да им нанесе што…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека масовните…