Владата ќе ги опомени трговците што се занесоа со маржите на храната

t

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека во Министерството за економија и труд наскоро ќе се одржи состанок со трговците, но и дека е направена анализата за цените и маржите на околу 600 до 700 производи.

Одговарајќи на новинарско прашање при увидот во градежните активности за реконструкција на СОУ „Св. Климент Охридски“ во Охрид, Мицкоски рече дека во најкус можен рок ќе бидат преземени соодветни мерки.

– Очекуваме во најкраток период оние кои што ги имаат малку зголемено маржите спореден со истиот период од минатата година од 2 до 5 проценти, зборувам на тие веќе постојните бруто профитни маржи од 10 отсто. Да речеме, ако маржата била 10 проценти, сега се 12 или 15. Тие ќе бидат предупредени – рече Мицкоски.

Тој посочи во јуни инфлацијата изнесувала 3,4 проценти, што според него е најниско ниво во регионот.

– Во делот на храната и безалкохолните пијалаци инфлацијата е 2,5 проценти, а кај обувките и облеката 2,1 процент. Поголем драјвер би рекол се на тутунот и тутунските производи и алкохолот, како и транспортот поради војната во заливот и зголемените трошоци на транспортните компании и на туроператорите – истакна премиерот.

Мицкоски рече дека кога започна војната во Украина, инфлацијата достигнувала 14 до 15 проценти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Европа пред тешка зима: Растат цените на…

Европа повторно се соочува со непријатна комбинација…

Цената на нафтата се зголеми, откако САД…

Цените на нафтата утрово се тргуваа за…

Европа се соочува со нов раст на…

Европа повторно се соочува со летен топлотен…

Нови цени на горивата: Бензините поевтинуваат, дизелот…

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и…

Високите температури го зголемуваат ризикот од труење…

Новото најавено зголемување на дневните температури, кое…