Влада: Да се запре рушењето на стадионот во Тетово

t

Владата синоќа на седница донесе одлука да се прекине реновирањето на Градскиот стадион во Тетово, почнато неодамна.

Владата, во разгледувањето, ја имаше предвид иницијативата до Уставниот суд, за оценување на уставноста и законитоста на постапките поврзани со Стадионот, а каде е посочено дека новиот фудбалски стадион, со владина одлука во 2015 година, е даден на трајно користење, без надомест на Општина Тетово.

-Општината, како што е наведено, без законски основ, го дала стадионот на трајно користење на ЈП „Тетово транспорт“. Дури, градоначалникот на Општина Тетово, Општина Тетово и ЈП „Тетово транспорт“, на јавен настан промовирале проект за рушење и изградба нов градски стадион, велат од Владата.

Градоначалникот на Општина Тетово Билал Касами пред почетокот на предизборната кампања, најави изградбата на нов фудбалски стадион во Тетово на местото на постојниот и веднаш започна со негово рушење. На оваа негова активност дојде реакција од Даријан Сотировски, актуелен директор на Комисијата за односи со верските заедници. Сотировски информира дека поднел Иницијатива за оценување на уставност и законитост на спорната Одлука на Советот на Општина Тетово до Уставниот суд на 26.04.2024 година. Во април тој поднесе и претставка до Државната комисија за спречување и заштита од дискриминација, против Општина Тетово и градоначалникот поради настанот кој беше организиран од локалната власт со цел да се презентира идејата за реконструкција на градскиот стадион на која имаше ревијален натпревар и настап на музичари. Таму обраложи дека жителите со македонска национална припадност биле дискриминирани по основ на потекло, национална припадност и јазик.

-Заклучено е, Генералниот секретаријат на Владата да подготви комплетна информација во врска со статусот на објектот Нов фудбалски стадион – Тетово, КП бр. 11476. Во меѓувреме, да се испрати укажување до Општина Тетово, да се прекине со работите на теренот, додека нема правна разврска на случајот. Исто така, Владата одлучи да се обрати со препорака до Уставниот суд, да ја земе предвид итноста на овој случај и да се произнесе во врска со поднесената Иницијатива за оценување на уставноста и законитоста на постапувањето во него. Владата заклучи и да се разгледаат правни основи, согласно Кривичниот законик, за покренување соодветна пријава до надлежните органи, во врска со овој случај, стои во владиното соопштение.

Градскиот стадион е отворен во 1981, кога ФК Тетекс влезе во Првата југословенска лига и имаше капацитет од над 15.000 седишта. Стадионот го градеше тогашниот текстилен гигант „Тетекс“, а учествуваше и државата. Во јули 2016, со одлука на Советот на Општина Тетово, стадионот е даден под концесија на фирмата „Еколог“, која е сопственик на ФК Шкендија и која се обврза да инвестира 7,7 милиони евра за реновирање на стадионот за да може да биде домаќин на меѓународни натпревари. Но, и покрај ова, Градскиот стадион пропаѓаше бидејќи никој не се грижеше за него, а од ветената инвестиција речиси ништо не беше реализирано.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Таравари: Северна Македонија нема друга алтернатива освен…

Претседателот на Алијснса за Албанците, Арбен Таравари,…

(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…

Сиљановска ќе почека да се формира новата…

Наставник натепал ученик, се огласи министерот Шаќири

Тетовската полиција соопшти дека уапсиле наставник кој…

Течат роковите за формирање на Владата

Минатиот четвртокот мандатарот Христијан Мицкоски го доби…

ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…

Со 88 гласа “за” пред 3 часот…