Владеачко-политички консензус за милијарда евра од Клинички центар

t

Ќе добие ли некогаш Македонија нов Клинички центар? Со години се потпишуваа, па раскинуваа договори, се правеа нови анализи и студии каде треба да биде лоциран Клинички, колку пари ќе чини и слично. Но, пациентите во Македонија се уште се лекуваат и третираат во постоечката најголема и единствена здравствена установа од терицарно ниво. 

Се користи ли Клиничкиот центар за политички (не) консензус?

Се манипулираат ли пациентите со бројки и уверувања дека ќе добијат медицинска грижа каква што заслужуваат? Очигледно, според сите досегашни случувања, ДА.

Повеќе од 12 години оваа институција се пишува во политичките програми пред избори и се е само обичен памфлет. Освен што се сруши зградата на старата Гинекологија како некаков симболичен почеток на градење на нов Клинички, друга акција нема. А и самата хронологија за Клинички го потврдува тоа.

Актуелната Влада нема абер да почне со градење, ниту пак знае во кој правец тера. На владината седница од 20.12.2022 година задолжени се Министерството за финансии и Министерството за здравство, во временски

период што сметаат дека им е соодветен, да направат анализа на презентациите на компаниите Вамет и Буиг во однос на нивниот предлог за Клиничкиот центар „Мајка Тереза“-Скопје и да подготват и до Владата да достават информација со компаративна функционална и финансиска споредба на овој проект со слични проекти од земјите во регионот, како и еден сличен проект од земјите од Европската Унија, со предлог решенија.

Значи, повторно се од ново. Ќе се почнува од нула. И дополнително ќе плаќа пенали за неиспочитувани договори, иако засега од Министерството за здравство велат дека Владата нема добиени решение за покренување на спор за раскинатиот договор за градење на нов Клинички центар, од италијанската компланија.

“Владата нема добиено решение за покренување на спор. Независно од тоа, Министерството за здравство до компанијата има испратено барање за средба, на што, за сега, нема повратен одговор“, одговараат од кабинтетот на министерот за здравство Беким Сали, на прашањето што утврдил правниот тим на министерството за тоа дали ќе треба да се плаќаат пенали од 8,5 милиони евра за раскинување на договорот за градење на нов Клинички. 

Според Сали, изградбата на нов клинички центар останува меѓу приоритетите од програмата на Владата. 

“Со оглед на тоа што е утврдена локацијата, останува наскоро да се дефинира моделот на финансирање пред да почне реализацијата на овој капитален проект за државата“, уверува министерот кој пред само неколку месеци изјави дека до Владата е стигнато барање за оштета од италијанската компанија, а сега вели дека покренат спор нема.

Според ова, јасно е дека оваа владина гарнитура “планира“ нов Клинички да гради во Веле Поле. Локација за која многумина експерти велат дека е погрешна, од многу аспекти, инфраструктурни, локациски, временски и слично. Тука логично се наметнува прашањето и за тоа дали тоа значи дека во Веле Поле ќе се сели и Медицинскиот факултет, акцелераторите…

“Лудост е да се прави Клинички центар во Веле Поле, зар и Медицински факултет ќе го селиме таму, оти не знам дали некој знае дека заедно со Клинички таму, треба да се сели и Медицинскиот факултет? Се треба да се прави од нула. А, да не зборувам за идејата на ВМРО-ДПМНЕ, новиот Клинички да биде на местото на Градската болница 8-ми септември, која е навистина важна институција. Со оглед на целата ситуација во моментов, нас нов Клинички ќе не чини една милијарда евра“, вели Никола Тодоров, поранашен министер за здравство.

На тоа засега никој не одговара и не знае дали воопшто овие дополнителни трошоци се пресметани во проекциите колку ќе не чини новиот Клинички и дали реално тоа е можно.

Ако некогаш се најавуваше дека за новиот Клинички центар ќе треба да се одвојат 72 милиони евра, пари во кои беше вклучена и изградба на нов Клинички во Штип, па потоа се зборуваше за цифра од 128 милиони евра, сега познавачите на приликите велат дека за нов Клинички, преместување на Медицински и други активности сигурно ќе се потребни и до една милијарда евра.

Во целата приказна, се зборува дека е вклучен и екс премиерот Зоран Заев, како и актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски, кои заедно ја токмеле целата приказна наречена нов Клинички центар и тоа преку Александар Николоски, потпретседател на ВМРО. Николоски кој е во кумски врски со газдата на познатата лабораторија Биотек, требало да посредува при прецизирање на “клиничките детали“ и парите предвидени за градење и опремување. И тоа во времето додека министер за здравство беше Венко Филипче. 

Наводно, целата работа била стопирана по директен налог на “странците“, кои и претходно за време на донесувањето на договорот од Пржино, знаеа да Клинички да го користат како политички притисок во делот на договорот за распишување на тендер. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: Гаши да одговора!

Откако не успеаја да го скријат скандалот…

СДСМ: И во наше време Османи сакаше…

Најголемата опозициска партија СДСМ упати низа обвинувања…

СДСМ до Мицкоски: Aко имаш докази објави…

„Откако дојде на власт, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ…

Силниот ветер искрши гранки од дрвја во…

Силниот ветер искрши гранки од дрвјата во…

Филипче: МВР да истражи што се случило…

Недозволиво е за една ваква сериозна работа…