Владиката Наум се поклони со црн појас и го покажа својот Камаи
Викендов во Скопје се одржа Карате-до семинар во спортскиот центар со легендата на македонското карате Мирче Опелоски, за сите организации и стилови, а во во организација на Бушидо доџо Македонија и сенсеи Владимир Јовановски.
Меѓу многуте мајстори на карате до беше и митрополитот струмички Наум. Можеби ова е изненадување за многумина, но тој е носител на мајсторски појас први дан.
Валдиката Наум имаше кратка средба со сенсеи Зоран Пејов, при што разменија мислења за карате до.
„Се е енергија и енергијата нема граници. Ништо не е случајно. Така и оваа „случајна“ средба со владиката Наум беше проткаена со чиста карате до енергија. Кога универзумот говори повеќе од луѓето се случуваат нештата во вистинско време и на вистинско место. Карате до како духовна боречка вештина и православието како духовна религија со вечната борба да се биде подобар човек и за подобро утро за целото човештво. Тоа беше кратка средба, но со чиста „КИ“ во духот на изворното карате“, вели сенсеи Зоран Пејов од Карате центар „Пејов“ кој учествуваше на семинарот предводен од легендата на македонското карате Мирче Опелоски и додава:
„Разговорот беше исполнет со евоцирање на карате спомените и од времето на СФРЈ (беше спомнат и Војислав Билбија ), како еден од великаните во тоа време, а сега во служба на православието.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Глутница кучиња нападнала маж во Ѓорче Петров,…
Жители на улицата „Македонска војска“ во скопската…
Прскање против комарци во пет општини во…
Центарот за развој на Југоисточниот плански регион…
Продолжува судењето за „Онкологија“, тројца лекари на…
Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска…
ДУИ: Влен ја претвора „Бардовци“ во семеен…
Уште еден скандал излегува на површина под…
Проданоски: Ниту едно подрачно училиште во Прилеп…
Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, информира…