Владика Петар за Канал 5: На нероден петко капа нема да му кројам, подоцна ќе излезам со детали
Владиката Петар за прват се огласи во јавноста во врска со отворањето на неговата регионална телевизија, но детали повторно не откри.
Тој за Канал 5, сликовито објасни дека ќе почека прво да се отвори телевизијата, па ќе излезе со информации за медиумот предвиден да емитува забавно-општ карактер.
„Додека не ја отвориме, нема зошто да даваме информации. На нероден Петко не можеме да кроиме капа. Штом ја отвориме, тогаш ќе имаме и ние точни сознанија што и како ќе биде“,изјава, владика Петар.
Од друга страна, директорот на Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски не го коментира влегувањето во медиумискиот бизнис на владиката Петар, го повика да ја запознае јавноста со тоа што ќе емитува неговата телевизиска програма.
„Доколку правото се искористи онака како што е предвидено во нашата правна рамка, е за поздрав. Но, треба да видиме. Немаме се уште детали. Очекувам субјектот да излезе и да ја запознае јавноста. Затоа што во еден момент тој треба да и се обрати на јавноста. Треба да емитува сингал токму за јавноста“,изјава, Даријан Сотировски, директор на Комисијата за односи со верски заедници и релогиозни групи.
Уште на почетокот на овој месец, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медуимски услуги даде дозвола за отворање на телевизија на компанијата „Преобразба“, чиј основач е токму владиката Петар.
Компанијата „Преобразба“ е со седиште во Скопје, во општина Гази Баба, чии дејности се производство на филмови, видеофилмови и телевизиска програма.
Телевизијата ќе зрачи на регионално ниво, што го опфаќа градот Скопје и општините Чучер Сандево, Арачиново, Илинден, Петровец, Зелениково, Студеничани и Сопиште.
Ако до 1-мај телевизијата не започне да зрачи во етер, АВМУ ќе му ја одземе дозволата и ќе го избрише радиодифузерот од регистарот на радиодифузери.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонскиот кардиолог Сашко Кедев влезе во Гинис…
Македонскиот кардиолог, професор и алпинист Сашко Кедев…
Рекорден број Руси заминуваат во Грузија, Ерменија…
Сè повеќе Руси ја напуштаат земјата, а…
Демонстрантите во Тирана се обидоа да ги…
За време на вчерашниот протест во Тирана,…
(Видео) Голем пожар во индустриската зона на…
Голем пожар избувна во индустриската зона на…
Нема повеќе да роварат одвнатре – велат…
Движењето ЗНАМ – За наша Македонија објави…