Владимир Милчин бара замрзнување на преговорите со Бугарија
Неприфатливи се барањата на ЕУ и Бугарија, тие се уцени, ултуматум и Македонија треба да прогласи мораториум на овој процес, да се замрзне процесот, рече режисерот и поранешен прв човек на Фондацијата Отворено Општество во земјава, Владимир Милчин, во гостување на ТВ24. Според него, „ова ќе се вози и ќе има постојан притисок“.
Но, тој вели дека во актуелната ситуација, прашање каква е волјата на политичарите за таков мораториум.
„Тука е болеста. Спремноста да се прифати сѐ од Бугарија. Тука е коренот на злото. Криминалот на власта и криминалот на опозицијата. Имаше пред некој ден имапе невреме во Скопје. Видовме колку е нашата централна и локална власт способна да се справи со ваквите ситуации“, вели Милчин.
Тој ја коментираше неодамнешната изјава на германскиот пратеник Михаел Рот дека уставните измени се „ургентни“, велејќи дека не се ургентни, односно дека се лажно итни.
„Ми се крева косата на главата кога ќе ги чујам ваквите ултиматумски пораки. Итноста на промените, кои стануваат уцена, Западот ги бара експресно. Но, тоа не значи дека членството ќе биде експресно. Всушност, спротивно. Дури и кога би прифатиле сѐ од бугарските барања, процесот ќе трае долго, можеби нема ни јас да го дочекам“, рече Милчин.
Тој се согласува дека Историската комисија ќе потклекне на барањата на Бугарија, според начелниот договор на двете земји рок за година-две да се расчистат овие прашања.
„Тие се во состојба да мораат да испорачаат. Не очекувам таму силен отпор на ултимативните барања. Тоа што го бара Бугарија не е само надвор од европските вредности, туку надвор од цивилизацијата“, вели Милчин.
За него, ниту опозицијата не постапила правилно во однос на процесот. Тој ја коментираше идејата за референдум околу таканаречениот „француски предлог“.
„Сегашната ситуација е ова: ние сме уценети. Притоа не сум сигурен… јас бев просто… не може да се криткува, а потоа да не се гласа. Тоа го направи ВМРО. Критикуваа, свиркаа, врескаа, како попчиња си отидоа. За да не бидат забележани“, вели Милчин, додавајќи дека опозицијата „тргува и ги чува гласовите во фиока за секој случај“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски: Нашиот Устав нуди апсолутно сериозна заштита…
Политиката се темели на разговори. Јас сум…
СОСЕДИТЕ ПРОФИТИРААТ ИАКО РУДАРСТВОТО ИМ СТАГНИРА –…
Бугарија минатата 2025 година произвела руда во…
Минималната плата во Бугарија во 2027 година…
Минималната плата во Бугарија за 2027 година…
Бугарија врати 11,6 тони македонски пиперки поради…
Бугарските власти вратиле пратка од 11,6 тони…
Во Пловдив уапсени 18 лица поврзани со…
Вкупно 18 лица поврзани со меѓународната неонацистичка…