Владимир Путин им го честиташе Велигден на Русите и на сите православни христијани
Рускиот претседател Владимир Путин им го честиташе Велигден на Русите и на православните христијани и ја истакна креативната и плодна работа на Руската православна црква и другите христијански цркви.
„Важно е да се истакне креативната, плодна работа на Руската православна црква и другите христијански конфесии, насочени кон зачувување на нашето богато историско, културно и духовно наследство, зајакнување на институцијата семејство, едукација на младите, воспоставување во општеството такви трајни вредности и морални насоки како грижа за ближните, милост и сочувство. Духовните овчари секогаш беа со луѓето. И денес, соочени со сериозни предизвици, христијанските верски организации обезбедуваат ефикасна, несебична помош на оние на кои им е потребна поддршка и внимание“, се вели во пораката на рускиот претседател.
Путин истакна дека прославата на Велигден во Русија има богата духовна традиција која обединува милиони луѓе, се пренесува од генерација на генерација и инспирира добри дела и аспирации.
Заедно со московскиот градоначалник Сергеј Собјанин, Путин присуствуваше на ноќната велигденска богослужба во црквата Христос Спасител во Москва. Со богослужбата чиноначалствуваше Патријархот Московски и на цела Русија Кирил.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Демолиран штабот на СДСМ во Јегуновце на…
На најголемиот христијански празник – Велигден, во…
И затворениците во ,,Шутка” се кршеа со…
Големиот христијански празник Велигден денеска се прослави…
Мицкоски: Само заедно, со меѓусебна почит и…
Честитка од претседателот на Владата, Христијан Мицкоски…
Гаши: Нека Велигден биде поттик за уште…
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, по повод…
Денес се празнува Воскресение Христово – Велигден
Откако слугите на првосвештениците израилски го фатија…