Владите на Србија и Албанија ги зголемуваат минималните плати, а што прави Владата во Македонија ?
Владите во Србија и Албанија донесоа одлука од 1 јануари следната година да ја зголемат минималната плата. – вели претседателот на Синдикатот за градежништво, Иван Пешевски.
Во Србија таа ќе изнесува 64.554 динари, односно 551 евро, а во Албанија 50.000 леки или 515 евра.
Во Македонија, пак, според Владата и газдите, работниците ќе мора да почекаат до март 2026 година, кога според законот треба да се изврши редовното усогласување на минималната плата.
Иако имаше очекувања дека Владата, синдикатите и работодавачите ќе постигнат договор за зголемување уште пред изборите, тоа не се случи, а ССМ поради тоа организираше 22 протести.
„Очигледно е дека минималната плата нема да се зголеми ниту пред изборите, ниту пред Нова година. Работниците повторно ќе чекаат законско усогласување во март. Но мора да се нагласи дека тоа не е вистинско зголемување на платите, туку само усогласување со трошоците за живот и просечната плата. Инфлацијата ги демантираше тврдењата на работодавачите дека платите треба да растат само според продуктивноста“,
изјави за Локално Иван Пешевски, потпретседател на Сојузот на синдикатите на Македонија.
Србија и Албанија донесоа одлука за зголемување на минималецот од 1 јануари наредната година на тој начин Македонија остана последна во регионот и по минималната и по просечна плата, што ќе биде причина за одлив за уште повеќе работници од државата, објаснува Пешевски.
Владите на Србија и Албанија ги зголемуваат минималните плати, а што прави Владата во Македонија ?
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Владите на Србија и Албанија ги зголемуваат…
Владите во Србија и Албанија донесоа одлука…
Експлозии во Париз, во близина на канцеларијата…
Експлозии го потресоа центарот на Париз утрово,…
Од наредната година пријавувањето на новороденче ќе…
Владата и Министерството за дигитална трансформација реализираат…
Две Италијанки се обиделе да влезат на…
Лишени од слобода две италијански државјанки на…
АФЖ Левица: Во Македонија не постои задолжителен…
Во Македонија сè уште не постои задолжителен…