Власта и „опозицијата“ обединети во уништувањето на ЈСП: Милиони му должат на претпријатието Владата и општините – ГРАД СКОПЈЕ НАЈАВИ ГЕНЕРАЛЕН ШТРАЈК!

t

Милиони евра на ЈСП му должат Владата и општините открива генералниот секретар на Град Скопје, Зоран Глигоров и токму ова е главната причина зошто во Јавното сообраќајно претпријатие не можат да се исплатат плати.

Дефакто Владата и „опозицијата“ која е власт во сите речиси сите скопски општини се обединети во уништувањето на ЈСП со тоа што не ги исплаќаат милионските долгови кон ЈСП, поконкретно владата му должи на ЈСП два милиони евра за превоз на ученици и студенти, а општините околу 40 милиони денари.

-Имено на ЈСП му се должат 120 милиони денари односно 2 милиони евра од Министерството за образование, средства кои се за исплата на тековните обврски а дополнително се загрозува функционирањето на превозот за ученици бидејќи Владата нема одлука за превоз на учениците при што во услови на криза го доведува во прашање превозот на учениците во градот. Дополнително општините не ги подмируваат редовно своите обврски и до овој момент има над 40 милиони неплатени обврски, вели Глигоров.

За нормално функционирање на претпријатието Глигоров истакна дека мора да се исполнат обврските кон претпријатието.

-Вработените на ЈСП Скопје заслужуваат редовна плата, а едновремено скопјани потребно е да им се обезбеди квалитетен јавен превоз. За тоа да функционира во услови на криза неопходно е секој да ги исполнува своите обврски, без која реализација претпријатието не може да функционира, додаде тој.

За прв пат во историјата Град Скопје најавува генерален штрајк и протест пред Владата на Република Македонија доколку не се сервисираат долговите кон ЈСП за да се овозможи негово нормално функционирање.

-Затоа денес најавуваме дека додека централната власт не ги исплати заостанатите обврски кои ги имаат за испорачаната услуга од страна на ЈСП, средства со кои се исплаќа платата за вработените во ЈСП, претпријатието отпочнува со протест пред Владата. Од среда од 12 часот па се до исплата на заостанатиот долг и донесување нова одлука за подмирување на обврските за категориите кои сега ги сервисира ЈСП, ќе се блокира булеварот пред влада, а доколку не се пристапи кон подмирување на обврските планиран е и генерален штрајк со цел ЈСП и вработените да ги добијат средствата за исплата на редовни трошоци и плати.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Доаѓа невреме во Македонија

Во нашата Република Македонија се до петок…

Што се случува во РЕК Битола, врие…

Во моментов огромно полициско присуство има во…

Откако цела Македонија ги виде заканите кон…

Дел од родителите на починатите во трагедијата…

Се запали РЕК Битола! Се вклучил аларм…

Вториот блок во РЕК „Битола“ од утринава…

Koстадинов за ДПМНЕ: Нема отпор, нема храброст…

КАДЕ Е ПАТРИОТИЗМОТ, ВМРО-ДПМНЕ?! На вашата “патриотска”…