Властa во Газа: Од 7-ми октомври во Појасот Газа се уништени 47 џамии
Во израелските напади врз Појасот Газа од 7 октомври до сега се уништени 47 џамии, додека три цркви се оштетени, соопштија тамошните власти.
„Израелските напади врз Појасот Газа предизвикаа уништување на 47 џамии и штети на три цркви и 203 училишта, како и на 80 владини згради“, изјави претставникот на властите во Газа Саламе Маруф, пренесува Анадолија.
Според него, бројот на загинатите членови на медицинскиот персонал е 116, додека животот го загубиле 18 припадници на спасувачките екипи и тимовите за цивилна заштита, како и 35 новинари. (МИА)
фото: ЕПА
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нетанјаху: Иран се обиде да го убие…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во телефонско интервју…
Петмина опозициски градоначалници осудени на затвор до…
Турски суд осуди петмина опозициски градоначалници на…
Вечерва се активни седум пожари, денес на…
Седум пожари од вкупно 21 регистриран на…
Два сребрени и еден бронзен медал за…
Борачите ги донесоа првите (три медали) за…
Трамп: Иран доживува целосен колапс
Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека…