ВЛЕН: Вaлдет Џафери бил министер, но и во неговиот мандат, правосудниот испит на албански јазик остана без решение

t

Серијата на ДУИ со министрите за правда не завршува со Блерим Беџети и Аднан Јашари. Беџети молчеше повеќе од 1000 дена, Јашари го имаше печатот во рака, а сепак не мрдна со прст. Сега на ред е Валдет Џафери. Валдет Џафери не бил гостин во Министерството за правда. Бил министер, со мандат и можност да дејствува, но и за време на неговиот мандат правосудниот испит на албански јазик остана без решение, велат од ВЛЕН.

Од таму обвинуваат дека каде и да имало кадри на ДУИ, се останувало заглавено.

„Дури истиот се појави и на протестите на студентите. Но, против кого протестираше? Против самиот себе, против сопствениот мандат или против годините кога ДУИ го водеше Министерството за правда и не направи ништо? Ова е истиот Валдет Џафери кој раководеше и со Бирото за судски вештачења, каде што се одолговлекуваше супервештачењето за трагичниот случај „Ласкарци”. Така функционираше ДУИ – сè што ќе допреа, го оставаа заглавено. Тоа е ДУИ. Кога се на власт, проблемите ги ставаат во фиока, а кога народот ќе ги испрати во опозиција со глас, излегуваат и држат лекции за права, еднаквост и правда. Студентите бараа решение, но решението не дојде ниту со Беџети, ниту со Јашари, ниту со Валдет Џафери. ВЛЕН го решава она што ДУИ го остави заглавено. Не само правосудниот испит, туку и сите професионални испити ќе можат да се полагаат и на албански јазик“, стои во партиското соопштение.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВЛЕН: 5 ПРАШАЊА НА КОИ АЛИ АХМЕТИ…

Разочарувањето поради пресудата против Хашим Тачи, Кадри…

ВЛЕН: Партнерството со САД и проширувањето на…

Од Вашингтон до Њујорк, првиот вицепремиер и…

Касами: Не сме за предвремени избори, но…

Градоначалникот на Тетово и еден од ко…

ВЛЕН: ДАЛИ АХМЕТИ ГО ПУШТА ГРУБИ НИЗ…

Колку повеќе Али Ахмети се обидува да…

ВЛЕН: ЗА АЛИ АХМЕТИ ПРАВДАТА Е КОЦКА

Партијата што го посеа коцкањето во секое…