ВЛЕН: Го почитуваме протестот на студентите Албанци, но силно се противиме на неговото инструментализирање
ВЛЕН од самиот почеток го поддржуваше и продолжува да го поддржува барањето правосудниот испит да може да се полага и на албански јазик. За денешниот нов протест на студентите Албанци велат дека е право за кое воопшто не требаше да се дискутира, а уште помалку да се чека толку многу години.
-Работите треба да се кажат онакви какви што се. Овој проблем не падна од небо. Овој проблем има политичко име и презиме, ДУИ. Цели 22 години имаа сè во свои раце, власт, министри, кабинети, односно апсолутна моќ. Но, за правосудниот испит на албански јазик, како и за многу други прашања, не направија ништо.
Ние докажавме дека кога има волја, проблемите се решаваат. Го решивме прашањето со лиценцирањето на лекарите и воспитувачките, а донесовме и закон за медресантите, кои ДУИ со години ги имаше оставено настрана. Со истата сериозност постапуваме и по ова прашање, порачаа од ВЛЕН.
Додаваат дека го почитуваат протестот, но, како што велат, силно сме против обидите на ДУИ да го инструментализира и да го користи како покритие за сопственото 22-годишно фијаско.
-Затоа, на ова прашање му пристапивме со одговорност и сериозност. Го решаваме, како што решаваме и многу други прашања што со години биле оставени половично, стои во партиското соопштение.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВЛЕН: Голем чекор кон енергетската независност и…
Северна Македонија официјално стана дел од Вертикалниот…
ВЛЕН: Али Ахмети им ја должи вистината…
Прес-конференција на Бесар Дурмиши, ВЛЕН Почитувани, Има…
ДУИ: ВЛЕН со дискриминаторско, незаконско и условено…
Демократската унија за интеграција остро реагира на…
ВЛЕН: ДУИ ЌЕ МОРА ДА ОДГОВОРИ ЗА…
ВЛЕН јасно и без никаква резерва го…
Влен до ДУИ: Ако имавте обезбедено пари…
Соопштение на ВЛЕН ВЛЕН ДЕНЕС ГРАДИ, ДУИ…