ВЛЕН денес станува еден политички субјект
Политичката коалиција „Вреди“ денеска во Скопје ќе одржи Конгрес за обединување на петте политички субјекти во едно политичко тело.
Процесот на обединување на партиите од коалицијата, која е дел од владејачкото мнозинство, треба да биде потврден од над 805 делегати на конгресот што ќе се одржи попладне со почеток во 17 часот во Филхармонија. По регистрацијата на делегатите предвиден е свечен дел со обраќања на домаќините и гостите, по што следуваат изјави од лидерите на Вреди и работен дел на конгресот, најави Комисијата за организација на Конгресот за обединување на Вреди.
Од „Вреди“ вчера на прес-конференција порачаа дека оваа промена претставува чин на одговорност кон граѓаните и доказ дека заедничкиот интерес може да се стави над теснопартиските приоритети.
– Нашата политичка платформа се базира на десноцентристичка ориентација со фокус на реална еднаквост на Албанците во институциите, правна држава, бескомпромисна борба против корупцијата и суштинско спроведување на Охридскиот рамковен договор, рече на прес-конференција претставникот на „Вреди“, Дритон Сулејмани.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВЛЕН: 5 ПРАШАЊА НА КОИ АЛИ АХМЕТИ…
Разочарувањето поради пресудата против Хашим Тачи, Кадри…
ВЛЕН: Партнерството со САД и проширувањето на…
Од Вашингтон до Њујорк, првиот вицепремиер и…
Касами: Не сме за предвремени избори, но…
Градоначалникот на Тетово и еден од ко…
ВЛЕН: ДАЛИ АХМЕТИ ГО ПУШТА ГРУБИ НИЗ…
Колку повеќе Али Ахмети се обидува да…
ВЛЕН: ЗА АЛИ АХМЕТИ ПРАВДАТА Е КОЦКА
Партијата што го посеа коцкањето во секое…