ВЛЕН: ДУИ протестираше за изгубените привилегии, а не за Тетово

t

Политичката партија ВЛЕН реагираше по вчерашниот протест на ДУИ во Тетово, оценувајќи дека станува збор за политички собир организиран поради, како што велат, „изгубените привилегии“, а не во интерес на граѓаните.

Од ВЛЕН посочуваат дека ДУИ повеќе од две децении била дел од локалната и централната власт, а наместо да преземе одговорност за неисполнетите ветувања, се обидува да се претстави како жртва.

Во реакцијата се наведува дека обвинувањата за наводно попречување на протестот се обид да се прикрие, како што велат, намалената поддршка што партијата ја има кај граѓаните.

„Тетово не е ничија сопственост. Времето кога една партија тврдеше дека зборува во име на сите Албанци е завршено. Граѓаните избраа промени и нема да се вратат назад“, се наведува во соопштението.

Од ВЛЕН додаваат дека прашањето за имињата на улиците во Тетово треба да се решава по законски и институционален пат, во интерес на граѓаните.

„Тетово заслужува работа, одговорност и резултати, а не политичка паника“, порачуваат од ВЛЕН.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Руската вакцина против рак даде резултати, кај…

Првиот пациент кој ја прими руската персонализирана…

Расте бројот на загинати во верижниот судир…

Бројот на загинати во тешките верижни судири…

Бугарија вложува во модернизација на армијата: Набавува…

Бугарија презема нови чекори за модернизација на…

Стотици луѓе на улиците во Атина поради…

Стотици луѓе протестираа на улиците во Атина…

(Видео) Руски полковник загина во експлозија на…

Руски полковник, главен навигатор на 6-та армија…