ВЛЕН: Заменик-министрите на ДУИ молчеа кога Албанците беа нарекувани „терористи“, а денес ДУИ држи лекции за Албанците
ДУИ уште еднаш ја активираше својата фабрика за лаги. Кога нема факти, измислува бројки. Кога нема аргументи, создава паника. Кога ќе биде фатена во манипулација, се обидува да ја прикрие со врева.
Чиста лага е обидот на ДУИ да го измеша конкурсот за вработување во полицијата со конкурсот за ученици во средното полициско училиште. Станува збор за две целосно различни постапки, а нивното намерно мешање е доказ за политичкиот очај на една партија која се обидува да создаде лажна перцепција во јавноста.
Најголемата иронија е што денес ДУИ се претставува како заштитник на Албанците. Но, каде беа заменик-министрите на ДУИ кога стоеја покрај министрите кои ги нарекуваа Албанците „терористи“? Каде беа кога еден министер изјавуваше дека не му дава право на еден Албанец да зборува само затоа што го осудил?
Тогаш молчеа. Денес држат лекции.
На Албанците не им требаат лекции од оние кои молчеа кога требаше да зборуваат, а денес се гласни само за да ги прикријат сопствените неуспеси.
ДУИ нема ниту морален, ниту политички кредибилитет да зборува за застапеноста на Албанците. По 22 години власт, не може да се крие зад пропаганда и клевети.
ВЛЕН нема да дозволи лагите на ДУИ да ги заменат фактите. Времето кога Албанците се манипулираа со фабрикувани сценарија заврши.
Соопштение на ВЛЕН
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВЛЕН: Брисел позитивно ги оцени реформите, земјата…
ВЛЕН ја поздравува позитивната оценка на претседателката…
ВЛЕН: Скопје и Приштина сè поблиску, се…
Од Скопје до Приштина со воз за…
ВЛЕН: 5 ПРАШАЊА НА КОИ АЛИ АХМЕТИ…
Разочарувањето поради пресудата против Хашим Тачи, Кадри…
ВЛЕН: Партнерството со САД и проширувањето на…
Од Вашингтон до Њујорк, првиот вицепремиер и…
Касами: Не сме за предвремени избори, но…
Градоначалникот на Тетово и еден од ко…