ВЛЕН: ЗА АЛИ АХМЕТИ ПРАВДАТА Е КОЦКА

t

Партијата што го посеа коцкањето во секое маало, сега се коцка и со правдата.

Али Ахмети, изгледа, веќе го уплатил тикетот. Артан Груби, според него, е невин и ќе биде прогласен за невин. Судењето трае, доказите сè уште не се извадени на маса, но Али веќе го погодил резултатот.

До вчера велеше дека Груби треба да одговара ако ја злоупотребил неговата доверба. Сега веќе нема „ако“. Ахмети ја смени плочата. Од најава за одговорност стигна до целосна невиност.

Што се промени во меѓувреме? Зошто Ахмети го менува ставот секогаш кога положбата на Груби станува потешка? Дали го брани Груби или се обидува да се заштити себеси?

Уште полошо, Ахмети ја гарантира невиноста на човек кого САД го ставија на црната листа токму поради вмешаност во судски процеси. Малку премногу случајности.

Судот не е политичко казино на ДУИ, а пресудите не се пишуваат во партиското седиште.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВЛЕН: ЗА АЛИ АХМЕТИ ПРАВДАТА Е КОЦКА

Партијата што го посеа коцкањето во секое…

ВЛЕН: Арачиново се менува со конкретни проекти…

Арачиново секојдневно се менува преку реализација на…

ВЛЕН: Ветувањето за стадионот на ФК Башкими…

Спортот е една од областите во кои…

ВЛЕН: Пресудата против поранешните водачи на ОВК…

Со длабоко жалење и огорченост ја примивме…

Јакуп Хусеини е кандидат на ВЛЕН за…

Партијата Вреди денеска објави дека нејзин кандидат…