ВЛЕН: Кој обвинител му нудел спогодба на Груби?

t

По вчерашното одржување на првото судско рочиште против Артан Груби, сè повеќе се отвораат сериозни прашања за тоа што се случувало зад сцената и за обидите овој процес да се затвори преку спогодба со Обвинителството, велат од владејачката ВЛЕН.

„Наводно, Артан Груби бил убедуван да склучи спогодба со Обвинителството. Да прифати вина, да добие далеку полесна санкција, но и со тоа да стави крај на сите амбиции да го предводи ДУИ. Според нашите извори, Али Ахмети проценил дека судењето е многу ризично, бидејќи темпераментот на Груби е таков што тој може преку медиумите да го разјадува рејтингот на ДУИ. Груби дури веќе имал договорени интервјуа бидејќи бил уверуван дека нема да има обвинение, па потоа непријатно се изненадил. Продолжувањето на мерката куќен притвор е дополнителен притисок за да направи спогодба пред судењето да почне“, стои во соопштението на партијата.

Од таму велат дека останува дилемата зошто не се обезбедува присуство на ексдиректорот на Лотарија, Перпарим Бајрами.

„Интересен факт е што адвокатите на повеќето обвинети во овој случај се правосудните „играчи” од времето на Груевски и Мијалков. Ова е сериозен сигнал дека во ДУИ се спушти гардот и се игра со сите оружја. Останува дилемата зошто не се обезбедува присуството на првиот соработник на Груби, Перпарим Бајрами. Дали заедно со преквалификацијата на делото му се дава уште една порака на Али Ахмети за сите твои матни игри има контраудар? Конечно, ниту Бујар Османи не бил многу среќен затоа што на одредени меѓународни адреси му ја прочитале играта зад брифинзите. Јасно е дека за мафијашкото политбиро во ДУИ допрва доаѓаат тешки денови“, велат од ВЛЕН.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВЛЕН: Кој обвинител му нудел спогодба на…

По вчерашното одржување на првото судско рочиште…

Возел брзо во левата лента, па се…

Државјанин на Македонија е уапсен во Србија…

Црна Гора очекува до крајот на годината…

Црна Гора очекува до крајот на годината…

Мицкоски во ексклузивно интервју за Брајтбарт: Американски…

Премиерот на Северна Македонија, Христијан Мицкоски, во…

Синоќа засилено прскање против комарци во три…

Засилени акции за прскање против комарци синоќа…