ВЛЕН: Мерко без пасош, Артан и Прпарим во бегство – ова е ДУИ
ДУИ се урива како кула од карти. Оние кои 20 години ја упропастија државата со корупција и криминал денеска се соочуваат со правдата, велат од владејачката коалиција ВЛЕН, додавајќи дека осомничените за криминалите во Државна Лотарија, Артан Груби и Прпарим Бајрами, се во бегство, додека на струшкиот градоначалник, Рамиз Мерко, одземен му е пасошот.
Од партијата додаваат дека ДУИ сега е синоним за измама, кражба и предавство на албанскиот народ.
„Рамиз Мерко нон грата, познат кај неговата клика како ‘кралот’ на Струга, денес се соочува со своите злодела. Обвинителството, судовите и МВР кои некогаш го штитеа, денес не можат да го спасат. Граѓаните избраа промени и ВЛЕН носи правда!“, се додава во соопштението.
ВЛЕН оценува дека ДУИ тоне, а сите Албанци ги чувствуваат промените.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски од САД: Ги исполнуваме обврските од…
Ние испорачуваме и го правиме тоа што…
ТАВ го укина ограничувањето за бесплатен влез…
ТАВ Македонија ја повлече одлуката со која…
Градот Скопје најавува авионска дезинсекција против комарци…
Градот Скопје ги известува граѓаните дека во…
Пентагон разгледува план за повлекување речиси една…
Пентагон разгледува план за повлекување авиони, воени…
Хјуман рајтс воч: Пресудите за Тачи и…
Пресудите за воени злосторства против поранешниот косовски…