ВЛЕН: Минчев, Димитриевски и ЗНАМ да не се замислуваат дека се клучен фактор во Владата

t

Коалицијата ВРЕДИ која е дел од владината коалиција заедно со ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ, остро реагираше на денешната изјава на министерот за јавна администрација, Горан Минчев.

– Минчев и Димитриевски уште живеат во сопствените заблуди. Не живееме во 1997, ниту тие се клучен фактор во Владата. Напротив! Застапеноста на Албанците никогаш нема да биде завршено прашање, и најмалку ќе зависи од партија како ЗНАМ. Дневна политика од Балансерот прават токму Минчев и Димитриевски, кои мислат дека нивната Анти – Албанска доктрина ќе ги направи голема партија. Наместо да пукаат со ќор фишеци треба да го научат ставот на ВЛЕН. Ние сметаме дека Балансерот е нефункционално решение кое стана предмет на злоупотреба на Македонците, кои за да се вработат во јавната администрација се пишуваат Албанци. Затоа, неопходен е Закон за правична застапеност кој ќе овозможува Албанците да бидат дел од сите институции врз основа на квалитет, интегритет, стручност! – велат од ВЛЕН.

Во продолжение изјавата на министерот Минчев:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Кандидатот на Влен отиде лично да…

Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од…

ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…

ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…

ВЛЕН: Брисел позитивно ги оцени реформите, земјата…

ВЛЕН ја поздравува позитивната оценка на претседателката…

ВЛЕН: Скопје и Приштина сè поблиску, се…

Од Скопје до Приштина со воз за…

ВЛЕН: 5 ПРАШАЊА НА КОИ АЛИ АХМЕТИ…

Разочарувањето поради пресудата против Хашим Тачи, Кадри…