ВЛЕН: Случајот Ласкарци е симбол на неуспехот на судството

t

Седум години по трагедијата кај Ласкарци, семејствата на 16-те жртви сè уште ја чекаат правдата. Укинувањето на пресудата на Апелациониот суд и враќањето на предметот на повторно судење повторно отвораат простор за ново одолговлекување на процесот, порачаа денеска од ВРЕДИ.

Од партијата велат „уште во декември предупредивме дека случајот „Дурмо Турс“, заедно со низа други предмети, е директен показател за состојбата во судскиот систем. Сведочевме на сомнителни одложувања, медицински извештаи и непочитување на судските одлуки. Довербата во судството, која падна на само два отсто, не исчезна преку ноќ. Само супервештачењето за случајот Ласкарци помина 315 дена во Бирото за судски вештачења. На чело на Бирото во тој период беше Валдет Џафери, функционер на ДУИ. Тоа покажува дека предметот не се одолговлекуваше сам од себе“.

„Судството мора да се реформира од корен. Новиот министер за правда ја започна оваа работа со јасна определба ваквите случаи повеќе да не бидат заложници на неефикасноста и злоупотребите во системот. Бараме без одложување да биде објавено образложението на одлуката и предметот да се процесира со приоритет, без нови процедурални игри. Семејствата на жртвите не смеат повторно да се враќаат на почеток“ е ставот на ВРЕДИ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВЛЕН: Случајот Ласкарци е симбол на неуспехот…

Седум години по трагедијата кај Ласкарци, семејствата…

ВЛЕН: Бујар Османи живее во апсурдистанот на…

Оваа нереформирана ДУИ никако да ја разбере…

ВЛЕН: Македонија станува подобра дестинација за инвестиции

Северна Македонија гради поповолна клима за инвестиции,…

ВЛЕН: Голем чекор кон енергетската независност и…

Северна Македонија официјално стана дел од Вертикалниот…

ВЛЕН: Али Ахмети им ја должи вистината…

Прес-конференција на Бесар Дурмиши, ВЛЕН Почитувани, Има…