ВЛЕН: Шест министерства за уште посилен мандат

t

Со изгласувањето на реконструкцијата на Владата, Собранието потврди дека процесот на промените продолжува, велат од Влен.

Одкоалицијата наведуваат дека влегуваат во нова фаза на владеење со зголемена одговорност и со кадри кои ги олицетворуваат професионалноста, знаењето и интегритетот.

„Професорот Jетон Шасивари ќе раководи со Министерството за правда, Агон Ферати ќе биде министер за односи меѓу заедниците, додека Седат Сулејмани ќе го предводи Министерството за култура и туризам. Од оваа реконструкција, ВЛЕН излегува уште посилен политички, со вкупно 6 министерства (силно продолжуваме и со нашите кадри во економија, животна средина и евроинтеграции), со мисија да изградиме посилни институции и чесно да им служиме на граѓаните“, се наведува во соопштението. Од Влен велат дека ова не е само промена на имиња туку е јасна порака дека институциите треба да им служат на граѓаните, а не на партиските интереси. „Ова е крај на логиката на привилегиите и почеток на пристап што се мери со работа, резултати и одговорност. Со нова енергија, подготвени кадри и јасна визија, ВЛЕН ќе продолжи да биде гласот на граѓаните и гарант на реформите што ја движат државата напред. Затоа, нашите министри ќе бидат оценувани според нивната работа, реформите и резултатите што ќе ги постигнат за нашите граѓани. Така градиме силни институции, го штитиме јавниот интерес и докажуваме дека политиката може да се води со достоинство, професионалност и визија. Со ВЛЕН, промените продолжуваат“, пишува во партиското соопштение.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пијан маж ја нападнал сопствената мајка во…

На ден 16.10.2026 во 18:40 часот на…

Филипче ја обвини Владата за попречување на…

Младите имаат право на научно засновани информации…

Оружје и голема количина кокаин најдени во…

Вчера во периодот од 15:00 до 16:30…

Зеленски: Путин не е заинтересиран за мировни…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека неговиот…