Влечел цариник со возило, побегнал од Блаце и фрлил оружје
На 15.07.2026 околу 22:00 часот, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје на ул. „Јадранска магистрала“ во Скопје, го лишија од слобода косовскиот државјанин Р.Е. (24).
Претходно, на Граничниот премин Блаце, додека царински службеник вршел преглед на неговото патничко возило „бмв“ со косовски регистарски ознаки, Р.Е. го стартувал возилото, го оттурнал и го влечел неколку метри царинскиот службеник со возилото, по што се дал во бегство кон Скопје.
Веднаш се преземени мерки и активности од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција и возилото е запрено, а лицето лишено од слобода.
При тоа, извршен е преглед на теренот и пронајдена е кеса со марихуана, а во возилото е пронајден џебен нож. Р.Е. пријавил и дека додека бегал, фрлил кеса во која имало два пиштола. Р.Е. е приведен во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Колумбија ги прекина дипломатските односи со Иран
Колумбија ги прекина дипломатските односи со Иран…
Во недела протест во Скопје по пресудата…
Во недела, 27 септември, во 14 часот…
Груевски бил пред времето: Европа воведува „Купувај…
Европа сака да произведува повеќе дома и…
Муцунски: Стратешкото партнерство со САД е суштински…
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,…
Уништен небезбеден сладолед, парични казни за 45…
Инспекциските служби на Агенцијата за храна и…