Влијание на санкциите кон Русија? Германија бара да се обнови Трансатланското трговско партнерство меѓу ЕУ и САД
Германија бара да се обноват дискусиите за Трансатлантското трговско и инвестициско партнерство (TTIP) меѓу ЕУ и САД, кои беа прекинати од поранешниот американски претседател Доналд Трамп.
„Треба да ги продолжиме преговорите за трансатлантскиот договор за слободна трговија“, изјави Кристијан Линднер, министер за финансии на европската економија број еден, за германскиот деловен весник Handelsblatt.
„Особено сега во криза, станува јасно колку е важна слободната трговија со партнерите ширум светот кои ги споделуваат нашите вредности“.
Трамп ги повлече САД од дискусиите за TTIP – што беше предмет на преговори меѓу Брисел и Вашингтон од 2013 година, за време на администрацијата на Обама – велејќи дека меѓународните трговски договори ги повредуваат американските работници и ја оштетуваат конкурентноста на земјата.
Во последниве години, имаше повици од голем број официјални лица за рестартирање на закочените разговори, но други беа повнимателни.
Амбасадата на САД во Берлин не одговори директно на предлогот на Линднер, но изјави дека постојниот Совет за трговија и технологија САД-ЕУ гарантира дека координираните политики поддржуваат широк раст.
„Сегашната криза покажува дека Соединетите Држави и Германија и Европската Унија се незаменливи партнери“, се вели во соопштението.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД подготвени за голем напад врз Иран…
Централната команда на САД (ЦЕНТКОМ) и американските…
„Волстрит џурнал“: Орбан е кандидат за генерален…
Соединетите Американски Држави го поттикнале поранешниот унгарски…
Фон дер Лајен, Кошта и Марта Кос…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…
Трамп: Морам да го запрам убивањето на…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека мора…
САД ги повлекува дипломатите и членовите на…
Соединетите Американски Држави забрзано преместуваат дел од…