ВМРО-ДООЕЛ, 20 илјади евра од секоја општина месечно за Христијан Мицкоски?! – Поведени истраги против тројца скопски градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ
Против најмалку тројца скопкси градоначалници е отворена истрага поради злоупотреба на службена должност, корупција и перење пари, дознава Инфомакс од извори во МВР.
Како што неофицијално дознаваме најмалку тројцаа градоначалници во изминатата година успеале на барање на Христијан Мицкоски да направат неколку кривични дела поради кои во моментов се предмет на истрага.
Во текот на вчерашниот ден градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска соопшти дека се разрешува директорот на скопскиот Водовод, Златко Перински како и генералниот секретар на Град Скопје, Ѓоко Велковски. И двајцата важат за исклучително блиски до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, а Перински своевремено беше и шеф во кабинетот на Христијан Мицкоски.
Информациите со кои располага Инфомакс и кој што ги објави уште минатиот викенд е дека Перински по директива на Мицкоски фаворизирал австриска компанија за добивање на тендерот за изградба на пречистителна станица на Вардар. Наметнувајќи услови кои ги немало во препораките од Европската банка за обнова и развој и Европската инвестициона банка, Перински дефакто исклучил од можноста за аплицирање на тендерот на реномиран турско-американски конзорциум.
Компанијата која Перински работел да го добие тендерот е ќерка фирма на австрискот ЕВН кон кое според нашите информации Мицкоски има нерасчистени долгови. И она што е најважно е што понудата на австриската компанија која разрешениот Перински ја фаворизирал е за неверојатни 20 милиони евра поголема од понудата на турско-американскиот конзорциум.
Откако Арсовска ги разреши Перински и Велковски таа им понудила на останатите директорски кадри на ВМРО-ДПМНЕ да поднесат оставка или да бидат разрешени бидејќи како што вели градоначалничката во својот последен пост наместо во интерес на скопјани тие работеле во интерес на Христијан Мицкоски.
Случајот со ЈП Водовод не е изолиран случај во кој партиското раководство на чело со Мицкоски ги користи општините за остварување на лични интереси.
Веднаш по раскинувањето на коалицијата помеѓу ГРОМ и ВМРО-ДПМНЕ, градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски истакна односите со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се лоши подолг период, но она што ја прелило чашата се обидите на Мицкоски да ја контролира работата на општина.
Покрај мешањето во работата на општината, Јакимовски откриј и други скандалозни детали за закани, уцени, притисоци и рекет од страна партискиот врв на ВМРО-ДПМНЕ.
-Мораме да се спротивставиме на обидите за рекет и обидите за закани врз стопанственици од нашата Општина. Јас сум градоначалник на сите граѓани во Општина Карпош и од тие причини имам обврска да ги штитам интересите на сите граѓани во Општина Карпош – нагласи Јакимовски.
Јакимовски во повеќе наврати потенцираше дека Мицкоски ја злоупотребувал својата положба како претседател на ВМРО-ДПМНЕ со цел лично богатење, уценувајќи, рекетирајќи бизнисмени кои биле заинтересирани да инвестираат во општините со кои раководи опозицијата.
Истото го нагласи и градоначалничката Данела Арсовска на вчерашната прес-конференција посочувајќи поединци од раководството на ВМРО-ДПМНЕ дека се обидуваат да тераат лични интереси во општините и институциите со кои раководат кадри на партијата.
-Нашите односи со ВМРО-ДПМНЕ се одлични. Односите со поединци во ВМРО-ДПМНЕ кои сакаат да тераат лични интереси може и да не се толку добри, вели Арсовска.
Токму кривичните пријави против тројца градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ се кулминација и потврда за обвинувањата на Јакимовски и Арсовска кои очигледно пресретнале милионски криминал и од таа причина денес се најдоа на различни страни со раководството на партијата.
Извори на Инфомакс тврдат дека на различни начини од сите општини со кои раководи ВМРО-ДПМНЕ месечно се испумпуваат над 20-тина илјади евра кои наводно завршуваат во сефот во партијата, а многу поверојатно во џебот на Христијан Мицкоски.
Останува да видиме како правосудните органи ќе се справат со овие сериозни обвинувања на двајцата градоначалници, но и каков ќе биде понатамошниот тек на постапката против тројцата градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ за кои има поднесени кривични пријави.
Очигледно петте години опозициско делување изгладне многу „нови лица“ во партијата, а најненаситен е токму претседателот на ВМРО-ДПМНЕ кој како шпицен градоначалник ги контролира и менаџира процесите во сите општини со коои раководи партијата.
Пишува: А.Митовски
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кривични пријави за тројца од Подградец кои…
Албанската полиција поднела кривични пријави против тројца…
(Видео) Гори кај Богданци, се слушаат детонации…
На социјалната мрежа Х се појавија видеа…
Вучиќ: Курти се обидува да предизвика војна
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ обвини дека…
Таравари постави за директорка докторка која има…
Докторката Севдије Коџа добила решение од министерот за здравство Арбен…
(Видео) Меџити: Иван Стоилковиќ не е важен…
Иван Стоилковиќ не е важен и не…