ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче и Заев се главните кодоши и предавници, нивниот најдобар Коте од Руља е Жерновски, талог каков што нема да се повтори
СДС и актуелното раководство продолжуваат со лагите и хистеријата во јавноста. Денеска ова на прес-конференција го правеше нивниот Андреј Жерновски кој на јавноста и е познат по менување партии, неуспешна политичка кариера, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на прес конференцијата на Жерновски.
-Во суштина тоа се тие ликови на актуелното раководство на СДС кои реално се талогот на Македонија. Тоа се тие на кои им пречи се, им пречи Македонија, им пречат резултатите кои ги има оваа Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, резултати кои граѓаните ги чувствуваат секојдневно. Им пречи стандардот на граѓаните кој од ден на ден се подобрува, им пречи што оваа Влада на ВМРО-ДПМНЕ достоинствено се грижи за идентитетот, им пречи што достоинствено и како никогаш до сега реализира достоинствено одбележување на 35 години независност на Македонија.
Да му објасниме во оваа прилика на Жерновски.
Ако Зоран Заев, Венко Филипче се главните кодоши и предавници, нивниот најдобар Коте од Руља е токму тој самиот Андреј Жерновски.
Граѓаните на Македонија одлучија дека сакаат државата да оди напред, тие да одат напред и тоа се да се прави достоинствено како и што е сега.
Андреј Жерновски едноставно е талог на Македонија кој тешко дека ќе се повтори.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Филипче: Тажен почеток на училишната година, 3000…
Почетокот на новата учебна година повторно отвори…
ВМРО-ДПМНЕ: СДС е на иста линија со…
ВМРО-ДПМНЕ ја обвини опозициската СДС дека со…
Коцевски: Над 18 милијарди денари за општините,…
Над 18,4 милијарди денари од унгарскиот кредит…
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и талогот на СДС повторно…
Талогот на СДС и Венко Филипче продолжуваат…
Лефков: Национален дата центар е и обврска…
СДС и Венко Филипче секојдневно критикуваат кога…