ВМРО-ДПМНЕ: Антимакедонецот Филипче да не прави паника за банкарскиот систем, како што правеше за мигрантите, како за водата во Скопје и Гостивар, за исплата на пензиите и платите
СДС и Венко Филипче повторно ја активираат фабриката за паника. По мигрантите, водата и исплатата на пензиите и платите, сега посегнуваат и по банкарскиот сектор. Нивната политичка понуда се сведе на една пресметка, вознемири ја јавноста, прогласи катастрофа и обиди се да заработиш врз стравот. Тоа е бескрупулозно политикантство, се вели во ракцијата од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција на претседателот на СДСМ Венко Филипче,
СДС и Венко Филипче по насока на нивниот ПР-шеф Башановиќ, кумот на Вучиќ, претставник на српскиот свет на кој му слугуваат, повторно се јави во јавноста со веќе видено сценарио.
Со лаги и манипулации да шири страв и паника помеѓу македонските граѓани.
СДС и Венко Филипче изгледа немаат што да им понудат на македонските граѓани, ниту програма, ниту визија за развој на држава и подобар живот на граѓаните, па затоа единствено што ги бива да прават е ширење хистерија.
Како што не му помина сценариото за да создадат општ хаос и предизвикување страв и паника кај населението со ширење хистерија за водата за пиење во Скопје и во Гостивар, со лагите дека ќе дојдат мигранти во Македонија, така нема да му помине ниту оваа последна манипулација.
Како што не му поминаа апокалиптичните сценарија, кои за СДС и Филипче очигледно се посакувани, за банкрот на државата, за колапс на пензискиот систем, така нема да им се оствари ниту ова последното за банкарскиот систем.
Македонскиот банкарскиот систем е стабилен и тој не зависи од ниедни случувања во други држави, депозитите на сите депоненти се сигурни и безбедни.
На крај повторно ќе остане само обидот на СДС и антимакедонецот Филипче да создадат хаос и нивните желби за застој и криза во државата.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: Антимакедонецот Филипче да не прави паника…
СДС и Венко Филипче повторно ја активираат…
Украдени над 100 парчиња огнено оружје од…
Повеќе од 100 парчиња огнено оружје биле…
Мицкоски во работна посета на германската покраина…
Премиерот Христијан Мицкоски од денеска престојува во…
Македонија планира да привлече инвеститори во дата-центри,…
Македонија планира да создаде услови за привлекување…
Турски воени авиони повторно го нарушија грчкиот…
Во текот на вчерашниот ден во североисточниот,…